Адисон Реј Истерлинг (англ. Addison Rae Easterling; родена на 6 октомври 2000 година) ― американска пејачка и глумица. Се прославила на TikTok каде што имала над 88 милиони следбеници, со што е на петто место на личности со најмногу следбеници на платформата.
Живот и кариера Адисон Реј Истерлинг е родена на 6 октомври 2000 година во Лафајет во Луизијана. Нејзините родители се развеле кога таа била помлада, но повторно стапиле во брак во 2017 година.
На шестгодишна возраст, Реј почнала да се натпреварува во танцување на натпревари низ целата држава (САД). Се запишала на студии на Државниот универзитет во Луизијана (LSU), но откако почнала да стекнува популарност на TikTok го напуштила факултетот и се преселила во Лос Анџелес.
Реј станала популарна на TikTok во јули 2019 преку поставување на видеа на кои таа танцува на популарни песни на платформата. За неколку месеци стекнала над еден милион следбеници и во ноември 2019 година го напуштила факултетот. Од јули 2020 година, Адисон, заедно со нејзината мајка, почнала да објавува неделен ексклузивен подкаст на Spotify под наслов „Мама знае најдобро“ (англ. „Mama Knows Best“), на теми поврзани со нивниот личен живот и кариера.
Во март 2021 година, Реј го издала нејзиниот прв сингл „Obsessed“. Синглот добил негативни критики и требало да биде водечки сингл од нејзиното тогашно прво ЕР, но било привремено одложено. Истата година, Реј лансирала сопствена козметичка линија, Item Beauty. Реј, исто така, основала своја сопствена линија на мириси наречена „Addison Rae Fragrance“.
Во август, Реј глумела во комедијата на Нетфликс Тој е сето тоа (2021), римејк на тинејџерската комедија од 1999 година Таа е сето тоа. Филмот бил најстримуван филм во неделата на неговото издавање, но добил претежно негативни оценки од критичарите.
На 18 август 2023 година го објавила нејзиниот прв мини-албум под наслов, AR. Мини-албумот добил претежно позитивни критики, и дебитирал на 19-то место на американската топ-листа <i id="mwhA">Billboard</i> Heatseekers Albums.
Во март 2024 година, Реј учествувала во ремиксот на песната „Von Dutch“ од Charli XCX кој набрзо се нашол на ремикс-албумот од Charli XCX Brat and It's Completely Different, but also Still Brat (2024). Реј се појавила и на албумот од Еј Џи Кук. Britpop (2024), на песната под наслов „Lucifer“ во соработка со Charli XCX.
На 9 август 2024 година, Адисон Реј го издала нејзиниот прв сингл со голема издавачка куќа, „Diet Pepsi“ (бил издаден преку Columbia Records). Песната добила позитивни критики, а критичарите новата музика на Реј ја споредиле со делата од Лана Дел Реј и од Бритни Спирс. Во октомври 2024 година, Реј го издала синглот „Aquamarine“.
Филмографија
Филм година Наслов Улога Белешки 2020 година Мачка шпион Марни (глас) Англиска синхронизација 2021 година Тој е сето тоа Пеџет Соер 2023 година Црн петок Габи 2025 година Пријатели на животните † - Постпродукција
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски кантавторки Категорија:Американски поп-пејачки Категорија:Американски пејачки од 21 век Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2000 година Категорија:Сите статии со непотврдени изјави Категорија:Пејачи од Луизијана Категорија:Американски танчарки Категорија:Јутјубери Категорија:Тиктокери