Ванеса Ли Карлтон (aнгл. Vanessa Lee Carlton; родена на 16 август 1980 година) ― американска пејачка и пијанистка, најпозната по нејзиниот прв сингл „A Thousand Miles“.
Живот и кариера
Детство и образование Карлтон е родена на 16 август 1980 година во Милфорд, Пенсилванија. Таа има сестра Гвен и брат Едмунд. Нејзината мајка потекнувала од еврејско семејство од Квинс во Њујорк и била учителка по пијано. Ванеса Карлтон на двегодишна возраст го посетила Дизниленд и кога се вратила дома на пијано ја свирела „It's a Small World“. Нејзината мајка почнала да ја подучуваInterview by Teenmusic (April 29, 2002) и ја запознала со класична музика. На 9-годишна возраст се заинтересирала за балет, а во 1994 година, на 14-годишна возраст, се запишала на Школата за американски балет.
Карлтон патела од депресија и имала напади од булимија и јавно зборувала за овие проблеми.
По матурирањето пеела во ноќни клубови и почнала да се чувствува удобно на сцената. Подоцна се преселила во Њујорк, каде што се една година студирала на Универзитетот Колумбија а откако го напуштила факултетот работела како келнерка на Менхетн.
2002–2003: Почетоци на музичата кариера и прв албум Карлтон се запознала со текстописецот и продуцентот Питер Зизо кој ја поканил во неговото студио да сними демо-песна. Три месеци подоцна таа потпишала договор со A&M Records и почнала да работи на албум, насловен Rinse. Овој албум не бил издаден, но неколку нумери биле преработени за албумот Be Not Nobody.
Претседателот на A&M, Рон Фер, откако го слушнал нејзиното демо на „A Thousand Miles“, организирал сесии за снимање, ја продуцирал и ја аранжирал песната. Песната станала хит, се пласирала меѓу првите пет на Billboard Hot 100 и станала шеста најемитувана песна на годината. Песната била номинирана за Греми за „Запис на годината “, „Песна на годината“ и за „Најдобар инструментален аранжман придружен со вокал(и)“. Фер го продуцирал остатокот од албумот.
Албумот Be Not Nobody бил издаден во април 2002 година и дебитирал на петто место на американската топ-листа за албуми, Billboard 200. Биле објавени уште два сингла: „Ordinary Day“ и „Pretty Baby“. Во 2002 година, за да го промовира албумот Карлтон била на турнеја низ САД како воведен изведувач за Goo Goo Dolls и за Third Eye Blind, а на крајот од 2002 година започнала сопствена турнеја низ САД и во 2003 година имала турнеја низ Европа.
2004–2017: Следни албуми Во ноември 2004 година, Карлтон го издала нејзиниот втор албум, Harmonium, кој дебитирал на 33 место на Билборд 200 и се сметал за разочарување по нејзиниот успешен прв албум. Албумот бил продуциран од Стивен Џенкинс од рок-групата Third Eye Blind. Карлтон и Џенкинс се запознале и започнале врска во средината на 2002 година додека биле на заедничка турнеја. Таа подоцна изјавила дека од нејзината издавачка куќа „не биле многу среќни“ поради одлуките што ги донела за време на создавањето на албумот.
Карлтон ја напуштила A&M Records во средината на 2005 година. лево|мини|200x200пкс| Карлтон на филмскиот фестивал „Трибека“ во 2008 година Во 2007 година, Карлтон го издала нејзиниот трет албум „Heroes & Thieves“. Иако не постигнал голем комерцијален успех, овој албум добил позитивни критики"Heroes & Thieves by Vanessa Carlton" . Metacritic. и бил пофален поради емоционалната длабочина и автобиографската тематика. Албумот бил поддржан од познатиот музички продуцент Ирв Готи и содржел соработка со Стиви Никс од Fleetwood Mac. десно|мини| Карлтон настапува во живо во 2011 година Четвртиот студиски албум од Карлтон, Rabbits on the Run, бил издаден на 26 јули 2011 година. Добил пофалби од музичките критичари. Насловот и концептот на албумот биле инспирирани од книгите „Кратка историја на времето“ од Стивен Хокинг и Брегот Вотершип (Watership Down) од Ричард Адамс. лево|мини|200x200пкс| Карлтон настапува во живо во театарот Рокси во 2016 година Во 2015 година го издала албумот Liberman, кој се карактеризирал со поамбиентален звук. И овој албум бил добро прифатен од критичарите, кои го ценеле нејзиниот зрел стил и личната тематика.
2017-денес: Албум во живо и деби на Бродвеј На 17 февруари 2017 година, Карлтон објавила уште еден албум во живо под наслов Earlier Things Live.
Во мај 2019 година, било објавено дека Карлтон ќе дебитира на Бродвеј со главна улога во мјузиклот од Керол Кинг, Убава (<i id="mwAaE">Beautiful</i>). За нејзиниот прв настап на Бродвеј, Карлтон рекла: „Бев исполнета со емоции на премиерата на претставата, тоа е многу работа. И беше превозбудливо. И некако успеавме. На крајот заплакав.“
На 27 март 2020 година го издала албумот Love is an Art.
Во 2023 година, Карлтон станала вирална откако една марионета ја испеала нејзината најпозната песна „A Thousand Miles“.
Личен живот На 19 јуни 2010 година, откако настапила на Парадата на гордоста во Нешвил, се испоставило дека Карлтон е бисексуалка. Пред присутните изјавила: „Никогаш не сум го кажала ова, но јас сум горда бисексуалка“.
На 9 октомври 2013 година, на настап во живо во Беј Шор, Њујорк, Карлтон објавила дека го очекува нејзиното прво дете со нејзиниот вереник Џон Меколи (од групата Deer Tick). Во ноември објавила дека доживеала ектопична бременост. По операцијата ѝ бил отстранет целиот десен јајцевод. На 27 декември 2013 година, Карлтон и Меколи се венчале на церемонија со која раководела Стиви Никс. На 26 јуни 2014 година, Карлтон преку Фејсбук објавила дека објавувањето на албумот Liberman ќе биде одложено за летото 2015 година бидејќи очекува дете со Меколи. На 13 јануари 2015 година, Карлтон родила ќерка.
Карлтон живеела во Нешвил до 2021 година. Денес живее во Ворвик, Род Ајленд.
Дискографија Студиски албуми
Be Not Nobody (2002) Harmonium (2004) Heroes & Thieves (2007) Rabbits on the Run (2011) Liberman (2015) Love Is an Art (2020)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски поп-пејачки Категорија:Американски кантавторки Категорија:Пејачи од Њујорк Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Колумбија“ Категорија:Американски пејачки од 21 век Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски поп-пијанисти Категорија:Родени во 1980 година Категорија:Говорни статии Категорија:Американски ЛГБТ-пејачи Категорија:Статии со микроформати hAudio Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со краток опис