Грејс Ејвери Вандервал (англ. Grace Avery VanderWaal; родена на 15 јануари 2004 година) ― американска пејачка и глумица. Во 2016 година, на 12-годишна возраст, победила на натпреварот Америка има талент (англ. America 's Got Talent). Препознатлива е по нејзиниот уникатен глас и додека пее честопати свири на укулеле.
Во 2017 година Вандервал добила две Радио Дизни награди (вклучувајќи ја и наградата за најдобар нов изведувач), Награда по избор на тинејџерите и Билбордовата „Награда за ѕвезди-музичарки во подем“, а во 2018 година добила Европска музичка награда од MTV за „Изведувач со најголем подем“. Пет пати се нашла на списокот од списанието Билборд за млади музички ѕвезди со брз подем, „21 до 21“ (2016–2019 и 2021 година) и била најмлада личност која воопшто била вклучена на музичката листа од Форбс „30 до 30“.
Живот и кариера
Детство и образование Вандервал била родена на 15 јануари 2004 година во близина на Канзас Сити. Нејзиниот татко има холандско потекло."Half-Nederlandse Grace VanderWaal wint America's Got Talent" , rtlnieuws.nl, September 15, 2016. Откако татко ѝ станал потпретседател за маркетинг во LG Electronics во 2007 година, семејството се преселило во Саферн, Њујорк. Вандервал подоцна се преселила во Јужна Каролина. По победата на Америка има талент (America's Got Talent) во 2016 година, Вандервал почнала да се школува дома и се запишала на онлајн курсеви за 7-мо одделение. Се запишала во средното училиште „Лорел Спрингс“ каде матурирала во 2022 година.
Музички почетоци и Америка има талент Вандервал пеела и измислувала песни на тригодишна возраст. Одлучила да научи да свири на укулеле откако на YouTube гледала видео-спот од Twenty One Pilots. Купила укулеле од парите што ги добила за нејзиниот 11-ти роденден и гледала видеа за да научи да свири. Исто така, свирела на саксофон во марширачкиот бенд на нејзиното училиште.
На 7 јуни 2016 година, Вандервал била на аудиција за единаесеттата сезона од натпреварот за таленти, Aмерика има талент, при што ја испеала нејзината оригинална песна „I Don't Know My Name“. Сајмон Кауел ја нарекол Вандервал „следната Тејлор Свифт“. Вандервал во емисијата продолжила да изведува нејзини оригинални песни.
Вандервал била прогласена за победник за единаесатата сезона од шоуто.
Набргу по победата, Вандервал гостувала во Шоуто на Елен Деџенерис и во Вечерно шоу со Џими Фалон.
Вандервал потпишала договор за снимање со Columbia Records во 2016 година и на 2 декември 2016 година го издала нејзиното прво ЕР (мини-албум), Perfectly Imperfect. ЕР-то ги содржело сите 4 оригинални песни кои Грејс ги извела на America's Got Talent и уште една оригинална песна, „Gossip Girl“. ЕР-то дебитирало на 9-то место на американската топ-листа за албуми, Билборд 200 и било најпродавано ЕР за 2016 година.
2017–денес: Прв албум и глумечка кариера мини| Вандервал настапува во 2018 година На почетокот од 2017 година, Вандервал почнала да работи на целосен албум. Албумот, под наслов Just the Beginning, бил објавен во ноември 2017 година. Пред објавувањето на албумот, Вандервал објавила неколку синглови од албумот и го промовирала со различни настапи во живо и гостувања во емисии. По објавувањето тргнала на соло концертна турнеја, Just the Beginning, која траела од ноември 2017 до февруари 2018 година.
Таа била воведен изведувач за Imagine Dragons во северноамериканскиот дел од нивната светска турнеја Evolve од јуни до август 2018 година.
На почетокот од 2019 година, Вандервал ја снимила нејзината прва саундтрак песна, „Hideaway“, за анимираниот филм Wonder Park. Во јуни 2019 година била гостин на неколку концерти на Florence and the Machine во југоисточниот дел на САД, а во август 2019 година имала своја турнеја во Северна Америка, насловена „Ur So Beautiful“. Во ноември 2019 година издала ново ЕР, Letters Vol. 1.
Во 2020 година, Вандервал дебитирала како глумица со главната улога на Сузан Каравеј во Дизниевиот филм „Ѕвезденото девојче“ (англ. Stargirl). Филмот и изведбата на Вандервал добиле позитивни критики. Во 2021 и 2022 година, Вандервал објавила неколку нови песни. Таа ја повторила улогата на „Ѕвезденото девојче“ во продолжението, Hollywood Stargirl, објавено на 3 јуни 2022 година.
Во 2023 година, Вандервал настапила во живо во Бруклин, Њујорк, свирејќи необјавена музика на два концерта. Таа ја глумела поп-ѕвездата Веста Свитвотер во филмот од 2024 година „Мегалополис“, по сценарио и режија од Френсис Форд Копола; Вандервал напишала две песни за филмот кои ги извела на саундтракот од филмот.
Дискографија
Албуми
Just the Beginning (2017)
Мини-албуми
Perfectly Imperfect (2016) Letters Vol. 1 (2019)
Филмографија
Филм + ГодинаНасловОригинален НасловУлога2020Ѕвездено ДевојчеStargirlСузан Каравеј - „Ѕвезденото девојче“ 2022Ѕвездена Девојка во ХоливудHollywood Stargirl2024МегалополисMegalopolisВеста Свитвотер
Наводи
Надворешни врски
2018 documentary about VanderWaal by UPROXX VanderWaal's "Tiny Desk Concert" at NPR (2018) 2022 documentary about VanderWaal
Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски кантавторки Категорија:Американци со холандско потекло Категорија:Американски пејачки од 21 век Категорија:Родени во 2004 година Категорија:Пејачи од Њујорк (држава) Категорија:Пејачи од Канзас Категорија:Американски филмски глумици Категорија:Американски поп-пејачки Категорија:Глумци од Њујорк (држава) Категорија:Глумци од Канзас