десно|мини|353x353пкс| Командантски крст и лента од Орденот на преродбата на Полска

Орден на преродбата на Полска (; ) — второ највисоко државно одликување во Република Полска (по Орденот на Белиот орел). Го доделува претседателот за исклучителни достигнувања во областа на образованието, науката, спортот, културата, уметноста, економијата, националната одбрана, општествената дејност и развивање добри односи со други земји.

Орден на преродбата на Полска бил усвоен на 4 февруари 1921 година преку „Законот за основање на Орден на преродбата на Полска“ од страна на полскиот парламент .

Со одлука на шефот на државата Јозеф Пилсудски од 20 декември 1921 година, бил уреден статутот на „Орден на преродбата на Полска“ . Но со регулативата од 23 април 1923 година, претседателот Станислав Војчеховски уредил нов статут, кој бил објавен во службен весник на 2 мај 1923 година бр. 100, со што одлуката од 1921 година ја загубила својата правна сила.

Денешниот негов изглед бил уреден со „Законот за одликувања и признанија“, донесен на 16 октомври 1992 година.

Се носи, на црвена лента со бели риги од страните, преку десното рамо (I степен), околу вратот (II и III степен) или на левата страна на градите (IV и V степен).

Кандидатите за одликување се избирани од страна на комисија одговорна за официјално доделување на истите. Согласно „Законот за одликувања и признанија“ претседателот на Република Полска по службена должност станува Витез од I степен на Орден на преродбата на Полска и претседава со комисијата како Старешина на советот. Советот за евалуација го сочинуваат старешината и уште осум членови избрани од негова страна, кои имаат мандат од пет години. Имињата на наградените се објавуваат во службен весник.

Степени Според член 138 од Уставот на Полска, oрденот има пет степени: 1. Голем крстврска=Bestand:POL Polonia Restituta Wielki BAR.svg|50x50пкс|Ribbon 2. Командантски со ѕвезда врска=Bestand:POL Polonia Restituta Komandorski ZG BAR.svg|50x50пкс|Ribbon 3. Командантски крстврска=Bestand:POL Polonia Restituta Komandorski BAR.svg|50x50пкс|Ribbon 4. Офицерски крстврска=Bestand:POL Polonia Restituta Oficerski BAR.svg|50x50пкс|Ribbon 5. Витешки крстврска=Bestand:POL Polonia Restituta Kawalerski BAR.svg|50x50пкс|Ribbon

Значајни личности одликувани со Орден на преродбата на Полска:

Владислав Андерс (1892-1970), полски генерал и член на владата на Полска во егзил во Лондон. Витолд Пилецки (1901-1948), херој на полскиот отпор за време и по Втората светска војна. Анджеј Буткевич (1955-2008), полски политички активист и ко-основач на комитетите за студентската солидарност. Андре Жорж Корап (1878-1953), француски генерал. Плинио Кореа де Оливиера (1908-1995), бразилски политичар, основач на Традиција, семејство и имот Анджеј Чума, полски политичар од антикомунистичката опозиција Вилм Хозенфелд, офицер на германската армија кој ги спасил Полјаците од смрт, вклучувајќи го и Владислав Шпилман. Јануш Корчак (1878-1942), автор на приказни за деца, педијатар и жртва на холокаустот. Вацлав Микута (1915-2008), полски војник и дипломат на ОН. Јосип Броз Тито, претседател на Југославија. Фидел Кастро, претседател на Куба Даглас МекАртур, Американски армиски генерал, командант на сојузничките армии на југозапад Јадвига Пилсудска, полски авијатичар, ќерка на Јозеф Пилсудски Николај Воронов (1899-1968), Советскиот артилериски маршал Станислав Поплавски, генерал на советската и полската армија Едвард Риџ-Шмигли (1886-1941), политичар, воен офицер, сликар и поет Данута Сиеџиковна (Инка), (1928-46), армиски лекар од Петтата бригада во Вилнус Владислав Шпилман, полски пијанист и композитор Омар Бредли (1893-1981), генерал на САД Леон Ноел (1888-1987), француски амбасадор и политичар Војчех Килар (р. 1932), музички композитор Војчех Јагиелски (1960 -), полски новинар и дописник Јанина Очојска (1955 -), политичар, астроном и општествен активист Кжиштоф Варга (1968 -), писател, литературен критичар и полски новинар

Наводи

Категорија:Полски ордени и одликувања