Олена Володимирвна Зеленска (украински: Олена Володимирівна Зеленська; роденa Кијашко , украински: Кіяшко; родена на 6 февруари 1978 година) е украински сценарист која е актуелна прва дама на Украина како сопруга на претседателот Володимир Зеленски. Зеленска била прогласена од магазинот Time како една од 100-те највлијателни личности во 2023 година.
Ран живот и кариера Олена Кијашко е родена на 6 февруари 1978 година во Крив Рог, Украинска ССР . Учела во гимназија во Крив Рог, каде го запознала нејзиниот иден сопруг, Володимир Зеленски. Во 2000 година таа дипломирала на Техничкиот универзитет во Крив Рог, со насока „Урбан и градежен менаџмент“. Има диплома и од музичко училиште за свирење на пијано. мини| Володимир Зеленски и Олена Зеленска на православна молитвена служба во Истанбул на 16 октомври 2020 година Во 2003 година, таа и Зеленски се венчале. Олена и Володимир Зеленски имаат две деца: ќерка Олександра (родена на 15 јули 2004 година) и син Кирило (роден на 21 јануари 2013 година). Семејството има неколку домашни миленици: две кучиња, мачка, папагал и морско прасе. Зеленска сака спорт, сака да чита и е љубител на кинематографијата. Семејството живее во Киев.
Професионална кариера Олена Зеленска е сценарист на студиото Квартал 95 од неговото основање.
Прва дама на Украина
Социјални активности пред руската инвазија мини|Олена Зеленска држи говор на годишната конференција на амбасадори на Украина. Социјалните активности на првата дама на Украина пред војната имале три главни насоки: здравјето на идните генерации, еднакви можности и културна дипломатија.
Олена Зеленска иницирала и проекти како што се подобрување на системот за исхрана во училиштата и развој на Националната стратегија за безбедна училишна средина, борба против семејното и родово насилство, средина без бариери, и воведување на аудио водичи во украинските музеи ширум светот.
На 3 декември 2020 година, претседателот го потпишал указот „За обезбедување на создавање простор без бариери во Украина“. Тогаш, на иницијатива на Првата дама, била усвоена Националната стратегија без бариери - стандарди за еднакви можности за сите групи на население - како и Акционен план за надминување на бариерите - патоказ за секој оддел на стратегијата.
На 13 јануари 2020 година, Олена стана член на Советот за развој на Националниот музеј на уметнички арсенал во Киев. мини|Олена Зеленска на Петтиот конгрес за жени во Украина во 2021 година На 11 септември 2020 година, на нејзина иницијатива, Украина се приклучила на партнерството Бијариц, преземајќи обврски во областа на родова еднаквост и развојот на јавен простор без бариери.
Во 2021 година исто така на нејзина иницијатива била воведена голема реформа во училиштата во врска со училишните оброци. Било претставено ново мени за храна во училиштата, започнала модернизацијата на капацитетите за складирање храна и започнала кампања на УНИЦЕФ во Украина за здрава исхрана на децата и родителите.
Како дел од иницијативите на Првата дама на Украина, биле пуштени во употреба повеќе од 50 аудио водичи на украински јазик во културни институции во повеќе од 30 земји. Проектот започнал во 2020 година. мини|Олена Зеленска на самитот на првите дами во Киев На 23 август 2021 година, во Киев се одржал Првиот самит на првите дами во Киев на иницијатива на Олена Зеленска. На настанот учествувале 11 први дами од различни земји. Главна тема на дискусијата била пост-COVID реалноста. На крајот на настанот, учесниците потпишале заедничка декларација.
Целта на овој самит била да се обединат првите дами од повеќе земји и да создадат меѓународна платформа за споделување на искуства и спроведување на заеднички проекти за благосостојба на луѓето во светот; да разговараат за тековните проблеми во светот.
Социјални активности по руската инвазија По руската инвазија на Украина во 2022 година, Зеленска била опишана како мета број два на Русија. Во средината на март истата година таа заминала на скриена и непозната локација во Украина. Набрзо по инвазијата било споделено видео во кое зборува за децата убиени во инвазијата и ги кажува нивните имињата. За време на војната, нејзините активности се фокусирале на хуманитарна помош, особено на евакуација на децата со попреченост во Полска и увоз на инкубатори во болниците во областите зафатени од војната. Зеленска прв пат јавно се појавила од почетокот на инвазијата на средбата со Џил Бајден на 8 мај 2022 година во Ужхород . Патувањето на Бајден во Украина на средбата, не било јавно објавено однапред.
Исто така на иницијатива на Првата дама се одвивале проекти од областа на медицината: евакуација на деца со тешки заболувања, како рак во странство со понатамошно лекување таму, како и испорака на опрема за детските болници, особено инкубатори за новороденчиња.
Од хуманитарен аспект Олена Зеленска исто така е вклучена во активности за испраќање на деца без родители на подолг престој во странство. Првата дама ја надгледува и работата на хуманитарната помош за сиропиталишта, многудетните семејства и старите лица кои останале и живеат на ослободените територии со цел да се зајакне врската со татковината за насилно раселените лица, Првата дама го иницирала и проектот „Книги без граници “. Испечатени биле 260.000 книги на украински за децата кои ги напуштиле своите домови поради руската агресија и нашле засолниште во 20 земји.
Проектот „Украинска полица за книги“ се спроведува под покровителство на Првата дама. Оваа иницијатива предвидува дистрибуција на украинска литература и преводи на неа во водечките светски библиотеки. Повеќе од 20 земји веќе се приклучиле на иницијативата.
Во „Прирачникот без бариери“ што го лансирала Првата дама, постои дел со совети и упатства за време на војната за семејствата кои имаат лица со попреченост, постарите лица и нивните најблиски и лицата со посебни потреби.
Во мај 2022 година, Олена Зеленска го иницирала создавањето на Националната програма за ментално здравје и психосоцијална поддршка. Програмата е дизајнирана да им помогне на Украинците да ги надминат последиците од трауматичните настани од војната. мини| Олена Зеленска, американскиот претседател Џо Бајден и првата дама на САД Џил Бајден, американската потпретседателка Камала Харис и сопругот на американската потпретседателка Даг Емхоф мини| Олена Зеленска држи говор во американскиот Конгрес мини|Директорката на УСАИД Саманта Пауер и Олена Зеленска во седиштето на УСАИД во 2022 година На 19 јули 2022 година, Зеленска заминала во посета на САД. Зеленска на првиот ден од посетата се сретнала со американскиот државен секретар Антони Блинкен и Саманта Пауер, директор на Агенцијата за меѓународен развој на САД . На вториот ден од посетата, таа во Белата куќа остварила средба со првата дама на САД, Џил Бајден . Зеленска во Белата куќа се сретнала и со американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис.
Зеленска се обратила и пред американскиот Конгрес на вториот ден од нејзината посета, со што за прв пат прва дама на друга држава зборувала пред американскиот Конгрес. Таа побарала поголема воена помош за украинските вооружени сили за заштита на земјата од руската инвазија.
Зеленска го посветила почетокот на својот говор на семејствата и децата погодени од руската инвазија на Украина. На својот говор таа покажала слика од четиригодишната Лиза Дмитријева, која била убиена во воздушен напад во централно-западниот град Виниција. Зеленска покажала и фотографии и видеа од жртвите на нападот во трговскиот центар Кременчук како и други слики од бројни цивилни жртви на руската инвазија.
За време на својота посета во САД, Зеленска, во име на целиот украински народ, ја примила и наградата за човекови права во Меморијалниот центар на жртвите на комунизмот во Вашингтон.
На 23 јули истата година, Украина била домаќин на вториот по ред самит на првите дами кој бил посветен на повоената обнова на Украина. Во рамки на Самитот било најавено собирање средства за возила на Брза помош за Украина. Вкупно биле собрани 6,4 милиони американски долари, што овозможило купување на 84 возила за брза помош за Министерството за здравство на Украина . Овие амбулантни возила биле со опрема за се што е потребно за брзо и безбедно транспортирање на тешко повредените во болниците.
Во септември 2022 година, Зеленска била поканета и присуствувала на третото обраќање на Урсула фон дер Лајен за состојбата на Европската унија, каде што претседателката на Комисијата на ЕУ и оддала почит за нејзината храброст за време на војната во Украина.
На 19 септември 2022 година, Зеленска присуствувала на државниот погреб во Лондон на кралицата Елизабета Втора.
На 2 октомври 2022 година, Зеленска ја посетила Турција, каде што разговарала со турската прва дама Емине Ердоган,за евакуација на украинските деца без родители во Турција, таа исто така се сретнала и со вселенскиот патријарх Вартоломеј I.
На 16 мај 2023 година, Зеленска ја посетила Јужна Кореја во својство на специјален претседателски претставник. Претседателот Јун Сук Јеол од Јужна Кореја изјавил дека „Јужна Кореја ќе обезбеди помош за нејзината земја во тесна координација со меѓународната заедница“.
Социјалните мрежи и неколку новински куќи во Франција ја обвиниле Зеленска дека потрошила над 40.000 евра за време на шопинг во Париз, за време на нејзината посета во декември, меѓутоа подоцна, овие тврдења се покажале како лажни и првично претставени од проруските медиуми.
Фондација Олена Зеленска мини| Хилари Клинтон и Олена Зеленска за време на презентацијата на фондацијата На 22 септември 2022 година, Олена Зеленска го претставила формирањето на својата фондација на добротворна вечер во Њујорк за време на 77-то Генерално собрание на ОН.
Примарната цел на Фондацијата била да ги врати украинците назад во Украина, така што секој Украинец да се чувствува безбеден, заштитен и способен да го оствари своето право на образование, работа и градење иднина во Украина.
Фондацијата има три клучни насоки: медицина, образование и хуманитарна помош . Во овие области било предвидено да се обезбеди помош, да се инвестира во реконструкција на предучилишни и училишни образовни установи, поликлиники и амбуланти и исто така било предвидено фондацијата да дава грантови за обука и научни достигнувања. Фондацијата ги гледала странските бизниси и другите меѓународни фондации како свои клучни партнери и донатори.
Награди Зеленска ја добила наградата ShEO 2022 во номинацијата „Светски мир“. Наградата е основана од магазинот Wprost, една од највлијателните и најстарите публикации во Полска. мини| Зеленска на средба со американскиот државен секретар Антони Блинкен во 2022 година На 6 декември 2022 година, првата дама на Украина Олена Зеленска ја добила наградата „Хилари Клинтон", кои годишно ги доделува Институтот за жени, мир и безбедност во Џорџтаун за исклучителното лидерство во промовирањето на правата на жените и создавање помирен и побезбеден свет за сите.
Во ноември 2023 година, Олена Зеленска била прогласена за една од 25 највлијателни жени во светот според Фајненшл Тајмс.
Наводи
Надворешни врски
Официјална веб-страница на првата дама на Украина
Категорија:Родени во 1978 година Категорија:Први дами на Украина Категорија:Украински сценаристи Категорија:Украински феминистки Категорија:Православни христијани од Украина