Наташа Брезовска-Богоевска е македонска писателка за деца и возрасни која работи и твори во Велес, Македонија.

Животопис Наташа Брезовска-Богоевска е родена 20 декември 1971 година во Гостивар. Основно училиште завршила во родното место, а средно училиште завршила во СУГС „Јосип Броз Тито“ , Скопје. Дипломира Македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик на Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје. Богоевска од 1996 година живее и работи во Велес.

Две децении работела како наставник во ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ село Иванковци во близина на Велес. Во 2021 година се вработила во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес.

Била претседател на Друштвото на македонски јазик и литература на град Велес.

Како библиотекар е носител и реализатор на проекти од Библиотеката и Министерството за култура. Активно учествува со свои излагања на меѓународни конференции.

Творештво Богоевска е автор на песни и раскази  за деца, млади и возрасни, објавени во заеднички збирки и антологии. Автор на прилози објавени во Просветен работник и Колибри. Соработник е со детските списанија „Другарче“ и „Росица“, каде објавува свои раскази. Нејзините раскази се наградувани на државно и меѓународно ниво. Дел од книгите се преведени на англиски јазик.

Наташа Брезовска-Богоевска е автор на следниве книги:

„Детства“ – раскази за деца и млади, 2020 

„Авантурите на желчето Тео“ - сликовница, 2020 (Добитник на награда за најдобра книга - сликовница на Денови на македонската литература за деца 2020)

„Приказна за две деца“- раскази за деца, 2023

„Нишки до срцата“ - раскази за возрасни, 2023 (промовирана на Саемот на книга)

„Шумски приказни“ - книга-сликовница, 2023

Застапена е со свои песни или раскази во заеднички изданијаː

„Литературни искри“ 2017, 2020,2024

„Симфонија на срцето 4“, 2020

„Карантински приказни“, 2020 (електронско издание)

„Различни светови“ антологија, 2023

„Детски соништа“ антологија, 2023

„Стихувалки“- 2019, 2022, 2023, 2024

Наводи

Надворешни врски Авантурите на желчето Тео Објава на duma.mk

Категорија:Македонски писателки Категорија:Луѓе од Гостивар Категорија:Македонски писатели за деца