Понта ду Шао де Манград (исто така: Понта де Манград, Понта Оесте) — најзападната точка на островот Санто Антао, и исто така најзападната точка на Зелен ’Рт и цела Африка. Се наоѓа на 5 км северозападно од Монте Триго и 31 км западно од Порто Ново, во многу оддалечена област. СоДоговорот од Тордесиљас од 1494 година новооткриените земји надвор од Европа биле поделени меѓу Португалија и Шпанија по меридијан 370 лиги (2.193 км) западно од оваа точка.
Светилник Понта де Манград
На гребенот има светилник, кој се состои од бела бетонска кула висока 3 м со црвен фенер. Неговата фокусна висина е 112 м, а опсегот е 13 наутички милји (24 км)
Наводи
Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Географија на Зелениот ’Рт