Гулаб џамун е сладок десерт, со потекло од индискиот потконтинент, популарен во Индија, Пакистан, Непал, Малдиви и Бангладеш, како и во Мјанмар. Исто така често се наоѓа кај нациите со значителна популација на луѓе со јужноазиско наследство, како што се Маврициус, Фиџи, Заливските држави, Малајскиот Полуостров, Обединетото Кралство, САД, Канада, Јужна Африка и карипските земји Јамајка, Тринидад и Тобаго, Гвајана и Суринам.

Се прави главно од млечни цврсти материи, традиционално од хоја, што е млеко намалено до конзистентност на меко тесто. Современите рецепти бараат суво или млеко во прав наместо хоја. Често се украсува со сушени јаткасти плодови, како што се бадеми и индиски ореви, за да се подобри вкусот.

Подготовка На индискиот потконтинент, млекото се загрева на тивок оган додека содржината на водата да испари и да останат само млечните материи, познати како хоја. Цврстите материи се замесуваат со брашно, а малите топчиња од ова тесто се пржат на ниска температура во масло или прочистен путер, потоа се натопуваат во лесен шеќерен сируп со вкус на зелен кардамон и розова вода, кевра или шафран. Топол гулаб џамун често се служи со сладолед од ванила.

Потекло Според кулинарниот историчар Мајкл Крондл, Манасоласа од 12 век спомнува рецепт за пржени топчиња направени од чена сирење и оризово брашно, и натопени во сируп со мирис на кардамон, но овој рецепт не користел сируп од розова вода (гулаб). Арапскиот десерт лукмат ал-кади од 13 век е сличен по изглед на гулаб џамун, иако е направен од сосема различно тесто, но бил натопен во сируп со мирис на розова вода, единствената персиска врска можеби е вообичаената употреба на сируп од розова вода. Гулаб џамун се појавил во средновековна Индија. Зборот „гулаб“ е изведен од персиските зборови gul (цвет) и āb (вода), што се однесува на сирупот со мирис на вода од роза, а „џамун“ е хинди збор за Syzygium jambolanum, индиско овошје, попознато како црна слива. Џамунот е дефиниран и како пржен деликатес во шеќерен сируп.

Специјални прилики Гулаб џамун често се јаде на фестивали, родендени или големи прослави како што се бракови, муслимански прослави на Еид ул-Фитр и Курбан бајрам и на хинду фестивалите Дивали и Ганеш чатурти. Постојат различни видови на гулаб џамун.

Поврзано Тулумба Локма Струфоли Список на видови крофни

Наводи

Категорија:Празнична кујна Категорија:Крофни