„Крсто Поле“ (, ) исто така познат по нејзиното турско име „Ени Ќој“ (, ) — логор во истоименото село за време на втората светска војна. Создадено од тогашната фашистичка администрација во Бугарија со цел да ги ликвидирале противниците. Логор бил користен и за холокаустот против еврејското малцинство во Бугарија. Различни истакнати македонски партизани и активисти биле интернирани во логорот, меѓу најпознатите се Алексо Мартулков, Венко Марковски, Никола Вапцаров и Христо Калајџиев
Создаден е на 1 септември 1941 г. со исполнувањето на наредбата на тогашниот Министерски совет на Царство Бугарија, во документи логорот бил именуван како Населба на Државна сигурност № 2. Тој е најголемиот бугарски концентрационен лого за тоа време, во пролетта 1943 година таму било документирано 1467 затвореници.
Во логорите власта претежно праќала дејци од БКП, ВМРО (Обединета) и други противници на власта на Богдан Филов. Логорот исто така имало улога во Холокаустот со нејзиното интернирање на лица од еврејско потекло.Архивни снимки Според „Кратка бугарска енциклопедија“ издадена во 1966 г. интернираните биле поставени при крајно тешки услови на живот.Кратка Българска Енциклопедия, София, 1966, стр. 181. Во том трети на „Енциклопедија Бугарија“ (1982 г.) се посочува, дека интернираните во логорот организирале и спроведувале политичка-просветна работа.Енциклопедия „България“, том 3, Издателство на БАН, София, 1982, с. 630.
Затворениците во логорот биле поделени во групи по својата професија, некои од тие професии биле столарски и машинско-технички работилници, кројачки, чевларски, ѕидарски и сликарски, каменорез и други групи. Според историската негационистичка бугарска историографија логорот имало зеленчукова градина од 60 хектари, чиј производ се користи за исхрана на затворениците, тие исто така наведуваат дека имало амбуланта со 10 лекари и стоматолошка ординација. Во бугарски извор, заради нивното негирањето во учеството на холокаустот, наведуваат дека во логорот не загинал ни еден затвореник. Според други бугарски псевдоисторичари, во логорот поради особено тешките услови починал Стефан Миленков, секретар на Подрачниот комитет на РМС Благоевград..
Наводи
Категорија:Концентрациони логори во Бугарија Категорија:Холокауст во Бугарија