Азир Алиу (р. 15 април 1976 година во Гостивар) — македонски професор по современи науки и технологии, специјализиран во области како криптографија, кибербезбедност, блокчеин технологии и машинско учење. Тој е професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово во мирување. Од 9 јуни 2025 г. до 13 јули 2026 г. ја извршувал функцијата министер за здравство од редовите на ВРЕДИ.
Животопис Азир Алиу е роден 15 април 1976 година, во Гостивар. Тој е дипломиран инженер по електротехника. Дипломирал на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде и магистрирал електротехника. Интересот за науката го продолжил на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде се стекнал со звањето доктор по информатички науки. Во раните години од академската кариера, првите чекори ги почнал како помлад асистент на Универзитетот на Југоисточна Европа, откако претходно, во периодот 2003/2004 година, работел како професор во Гимназијата „Панче Поповски“ во Гостивар. Најголемиот дел од својата академска кариера го поминува на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Во периодот од септември 2004 година до април 2007 година, тој бил ангажиран како помлад асистент на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, каде од април 2007 година до 2012 година, работел како асистент. Со академската кариера, тој продолжил на истиот универзитет, од 2012 година до 2014 година, како продекан за наука на Факултетот за компјутерски науки и технологии. Во септември 2012 година, Алиу напредувал во звање доцент, кој работен ангажман го извршувал до 2017 година.
Во наредните пет години, тој бил вонреден професор, а потоа и редовен професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, од август 2022 година до денес. Претходно, во периодот од 2018 година до 2020 година, бил назначен за потпретседател на Управниот одбор на овој Универзитет. Тој бил дел од Националниот комитет за претприемништво и иновации, каде членувал од 2013 година до 2017 година, период во кој бил и советник за високо образование на претседателот на владата на Македонија. Автор е и соавтор на повеќе научни трудови, а неговата научно-истражувачка работа се насочува на интелигентни системи, анализа на сигнали и повеќерезолуциони слики, обработка на медицински слики и препознавање на облици, машинско учење и напоредно програмирање. Работното искуство во наставата му е насочено на: Вештачка интелигенција; архитектура на сметачките системи; формални јазици и автомати; анализа на податоци; Алиу има и големо искуство со проектно раководење и научно-истражувачка работа во државава и во странство. На 9 јуни 2025 година, тој станал новиот министер за здравство во кабинетот на Христијан Мицкоски од редовите на ВРЕДИ, по оставката на Арбен Таравари. На 13 јули 2026 бил заменет со Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ. Литература Алиу е автор на повеќе истражувачки трудови и научни публикации во областа на информациските технологии. Неговата работа опфаќа теми како што се криптографија, блокчеин технологии, машинско учење и анализа на податоци. Меѓу позначајните публикации се вбројуваат:
Luma, A., Aliu, A., Snopce, H. (2024). The Republic of North Macedonia's Research Ranking Platform for Academic Staff and Universities. SAR Journal, стр. 3–11. Fetaji, M., Apostolova, M., Luma, A., Aliu, A. (2023). Ethereum Smart Contract Deployment for a Real Estate Management System (REMS) Implemented in Blockchain. TEM Journal, 12(3), стр. 1383–1389. Luma, A., Abazi, B., Aliu, A. (2021). The Implementation of the New Encryption Mathematical Model for Cryptosystems. Презентирано на International Conference on Engineering Technologies (ICENTE'21).
Наводи
Категорија:Македонски Албанци Категорија:Политичари од Гостивар Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Апсолвенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје Категорија:Министри за здравство на Република Македонија Категорија:Министри за информатичко општество и администрација на Република Македонија