мини| Вообичаена верзија на печиво во Данска, Норвешка, Финска и Шведска. Данска крофна или данско печиво е повеќеслојно, слатко печиво. Се смета дека некои техники на пекарство биле донесени во Данска од австриски пекари. Сепак, данскиот рецепт е различен од виенскиот.

Сепак, потеклото на пецивото не е јасно бидејќи се нарекува копенхагенер во Австрија и винерброд во Данска.

Данските колачи биле донесени во САД од страна на имигрантите, каде што често се прелиени со фил од овошје или крем сирење, а сега се популарни низ целиот свет.

Состав Данското печиво е направено од тесто од пченично брашно, млеко, јајца, шеќер, квасец и големи количества путер или маргарин.

Тестото од квасец се расукува тенко, се покрива со тенки парчиња путер помеѓу слоевите тесто, а потоа тестото се витка неколку пати, создавајќи 27 кори. Процесот на виткање, мачкање со путер се повторува повеќе пати за да се создаде повеќеслојно тесто кое станува воздушесто и крцкаво однадвор, но и богато со путер.

Путерот е традиционална маст што се користи во данското печиво, но во индустриското производство често се користат поевтини масти, како што е сончогледово масло.

Историја Потеклото на данското печиво често се припишува на штрајкот меѓу пекарските работници во Данска во 1850 година. Штрајкот ги натерал сопствениците на пекари да ангажираат работници од странство, меѓу кои и неколку австриски пекари, кои донесле нови рецепти за печиво. Австриското печиво набрзо станало популарно во Данска, а потоа данските пекари ги усвоиле австриските рецепти, приспособувајќи ги на нивните сопствени потреби и традиции со зголемување на количеството на јајца и маснотии, на пример. Овој развој резултирал со она што сега е познато како данско печиво. Interview with Bi Skaarup, a Danish food-historian and former president of "Det Danske Gastronomiske Akademi" (The Danish Gastronomical Academy).

Поврзано Данска кујна Крофни Список на видови крофни

Наводи

Надворешни врски

Дански колачи - основен рецепт - Дански бар за печиво некомерцијална едукативна интернет страница за готвење од Данска. БиБиСи дански колачи

Категорија:Шведска кујна Категорија:Австриска кујна Категорија:Данска кујна Категорија:Крофни