Мечето Падингтон во џунглата (, буквално: Падингтон во Перу) — семејна комедија во режија на Дугал Вилсон за мечето Падингтон. Филмот бил трет дел од серијата филмови за Падингтон и продолжение на „Мечето Падингтон 2“ (2017). Падингтон повторно е озвучен од Бен Вишо, со споредни улоги: Хју Боневил, Емили Мортимер, Џули Волтерс, Џим Бродбент, Оливија Колман и Антонио Бандерас.
Снимањето започнало во јули 2023 г. и завршило во октомври истата година, а се одвивало во Обединетото Кралство, Колумбија и Перу. Филмот бил премиерно прикажан во Обединетото Кралство на 8 ноември 2024 г., а во Македонија на 9 јануари 2025 г.
Содржина Кога Падингтон дознава дека неговата сакана тетка Луси исчезнала од Домот за пензионирани мечки, тој и Браунови одат во дивините на Перу да ја бараат, со единствена трага за неа во една точка обележана на една загадочна карта. Решен да ја реши тајноста, Падингтон се впушта во возбудлива потрага низ прашумите на Амазон за да ја најде тетка си... и може да открие и едно од најлегендарните богатства на светот.
Озвучување ГлумецУлогаХју БоневилХенри БраунБен ВишоПадингтонЕмили МортимерМери БраунМедлин ХарисЏуди БраунСемјуел ЏослинЏонатан БраунЏули Волтерсгоспоѓа БердЏим БродбентСемјуел ГруберАнтонио БандерасХантер КаботОливија КолманКлариса Кабот / Преподобната МајкаКарла ТусЏина Кабот
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2024 година