Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Уларци; скратено: ПООУ „Страшо Пинџур“) — подрачно основно училиште во кочанското село Уларци, во состав на истоименото училиште од селото Соколарци, Општина Чешиново-Облешево.

Училиштето е именувано по македонскиот партизан Страшо Пинџур.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во селото Уларци.

Историја

Училиштето било изградено во 1960 година.

Услови

Училиштето располага со 2 училници и 1 наставничка кацеларија, како и спортски терен за реализација на наставата по физичко и здравствено образование.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик од прво до петто одделение, а подоцна учениците продолжуваат да учат во селото Чешиново.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Чешиново-Облешево Уларци Категорија:Уларци