Основно училиште „Пере Тошев“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Пере Тошев“ - Трстеник; скратено: ПООУ „Пере Тошев“) — подрачно основно училиште во тиквешкото село Трстеник, во состав на истоименото училиште од селото Росоман, Општина Росоман.
Училиштето е именувано по македонскиот револуционер Пере Тошев.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Трстеник.
Историја
Училиштето било изградено во 1949 година.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик во една комбинирана паралелка.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Росоман Трстеник Категорија:Трстеник (Тиквешко)