Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Волковија; скратено: ПООУ „Гоце Делчев“) — подрачно основно училиште во тетовското село Волковија, кое е во состав на истоименото училиште од селото Стенче, Општина Брвеница.
Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во селото Волковија, кон крајот на селото, веднаш до селската црква „Св. Мина“.
Историја
Објектот на училиштето бил изграден во 1934 година.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик во 1 комбинирана паралелка.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Брвеница Категорија:Волковија (Тетовско) Волковија