Свети Атанасиј — главна манастирска црква на Спанчевскиот манастир во кочанското село Спанчево, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа на едно возвишение источно од селото.
Историја
Непосредно до црквата се наоѓа археолошко наоѓалиште од енеолитот, кое било загрозено во 2023 година кога приватен инвеститор започнал да поставува фотоволтации и на самата контактна зона на археолошкото наоѓалиште, кое не било во целост истражено.
За месноста Свети Атанас, мештаните секогаш велеле дека таму имало „знаци од црква“. Тука во 1912 година турската војска имала шатори, а дотогаш на површината на земјата се познавале ѕидови високи 1 метар.
Галерија
Поврзано Кочанско архијерејско намесништво Спанчевска парохија Спанчево
Наводи
Надворешни врски
Спанчево Категорија:Спанчевски манастир