Ниризините — поранешно село во Гуменџиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија во областа Централна Македонија, Грција.

Географија Селото се наоѓало во падините на планината Пајак, околу 2 км североисточно од селото Баровица.

Историја Ниризините било мало македонско село кое се распаднало пред основањето на Баровица. Според сознанијата на Тодор Симовски, кон крајот на XX век сѐ уште постоеле видливи остатоци од некогашни градби и гробишта.

Наводи

Категорија:Историски села во Пајонија (општина)