Мигел Артуро Лајун Прадо (роден на 25 јуни 1988 во Кордоба) — мексикански поранешен фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред.

Биографија Тој има либанско потекло (родителите емигрирале од селото Беит Мелет, во близина на Акар). Во 2019 година, му бил дијагностициран рак, кој подоцна бил отстранет.

Технички карактеристики Неговата примарна позиција била лев бек, но можел да игра и како страничен играч за врска и како десен бек. Опремен со добра техника, тој ја претпочита офанзивната фаза, каде се прославил по добриот центаршут и давањето асистенции за соиграчите, но не ретко и самиот знаел да постигнува голови.

Клупска кариера Почетоци и Веракрус Во 2006 година, Лајун ја започнал својата професионална кариера со екипата на Галос Калиенте Тихуана,Miguel Arturo Layún Prado - Ficha Jugador која била резервен тим на тогашниот второлигаш, Керетаро.El rival: TijuanaGrupo caliente, dueño de Gallos y Xolos: dos equipos con violencia en sus barras Тој го направил своето деби во натпреварот против Монаркас Морелија Примера „А“ на 5 октомври 2006 година.

На почетокот на 2007 година, Лајун се преселил во Веракрус, клубот од неговата родна мексиканска држава, со кој дебитирал во Примера Дивисион за време на Клаусура 2007 во натпреварот против Некакса што завршил нерешено 1-1 на 28 април 2007. Во Апертура 2007, тој забележал 13 настапи, додека во Клаусура 2008 забележал 17 настапи. Información, noticias y estadísticas de Miguel Layún По завршувањето на Клаусура 2008, тимот испаднал во Лига де Асенсо.

И покрај испаѓањето, Лајун останал во Веракрус и забележал 27 настапи и еден гол во втората мексиканска лига. Својот прв и единствен погодок за Веракрус, Лајун го постигнал на 25 февруари 2009, во победата со 5-1 над Тампико Мадеро, постигнувајќи го петтиот и последен гол во натпреварот.

Аталанта Во летото 2009 година, тој пристигнал во Италија на пробен период во Аталанта, кој на крајот се покажал успешен и клубот од Бергамо потпишал договор со него со намера да го користи како бек.

На 27 септември 2009, тој го направил своето деби во Серија А, влегувајќи во второто полувреме на местото на Хаиме Валдес во ремито 1-1 на гостувањето кај Кјево во Верона, со што станал првиот мексиканец кој играл во натпревар од највисоката италијанска фудбалска лига. Вториот настап го забележал против Каљари на 1 ноември, повторно влегувајќи како замена, овојпaт место Никола Мадона во 66-тата минута од натпреварот, кој заврши со пораз на неговиот тим од 3–0.

Сепак, не успевајќи да се избори за поголема минутажа, веќе во зимскиот преоден рок тој се вратил назад во Мексико каде бил позајмен на Клуб Америка.

Клуб Америка thumb|left|Лајун со Клуб Америка во 2012 На 21 декември 2009 година, Лајун официјално се префрлил во Клуб Америка за Клаусура 2010 турнирот, со што станал второто засилување на клубот во зимскиот преоден рок.

Лајун го постигнал својот прв гол за Клуб Америка на 2 мај 2010 година за време на првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч против Толука на стадионот Ацтека, кој завршил нерешено 2–2.

На 16 февруари 2011 година, го одиграл својот прв натпревар во Копа Либертадорес, играјќи ги сите деведесет минути во победата на Америка над Насионал (2-0). Вкупно, Лајун одиграл 5 натпревари во меѓународното натпреварување. Во лигата, сезоната за клубот завршила во четвртфиналето на плејофот во Апертура 2011.

На 26 мај 2013 година, Лајун го реализирал последниот пенал во победата на пенали над Крус Асул во финалето на Клаусура 2013, освојувајќи ја првата првенствена титула во својата кариера. Тој влегол како замена, заменувајќи го Диего Рејес во првото полувреме од натпреварот.

Пред почетокот на Апертура 2014, Лајун бил именуван за еден од четворицата играчи кои ќе бидат капитени на клубот во текот на целиот турнир. Тој ја носел капитенската лента на тимот за првпат на 2 август во првенствениот натпревар против Пуебла, кој Америка го добила со 4–0. На 26 септември, Лајун постигнал четири гола во победата од 4–1 над Сантос Лагуна.

На 14 декември 2014 година, Лајун како капитен ја предводел Америка до првенствената титулата по победата со вкупен резултат 3–1 над УАНЛ Тигрес во финалето.

Вотфорд upright|thumb|Лајун за време на загревањето пред натпревар на Вотфорд во јануари 2014 На 30 декември 2014 година, Лајун потпишал петгодишен договор со шпанскиот клубот од Примера Дивисион, Гранада; сепак, како што било очекувано тој веднаш заминал на позајмица до крајот на сезоната во англискиот клуб Вотфорд, во сопственост на истиот сопственик кој ја поседувал и Гранада.

На 9 јануари 2015 година, сепак било објавено дека Лајун потпишал траен четири и пол годишен договор со Вотфорд, и дека ќе го носи дресот со број 7 во овој клуб. Тој го направил своето деби во Чемпионшип лигата следниот ден, играјќи ги сите деведесет минути во поразот со 1–3 од .

Во неговата прва сезона со клубот, Лајун одиграл 17 натпревари, помагајќи му на Вотфорд да избори промоција во Премиер лигата. На 8 август, Лајун постигна гол на своето деби во Премиер лигата во ремито 2–2 против Евертон на Гудисон Парк. Сепак, откако одиграл три натпревари за Вотфорд во Премиер лигата, тој го напуштил клубот во последните денови од летниот преоден рок.

Порто thumb|left|Лајун играјќи за Порто во Лигата на шампионите во 2015 На 31 август 2015 година, Лајун му се приклучил на Порто на едногодишна позајмица со опција за трајно купување на играчот за износ од 6 милиони евра. На 12 септември 2015 година, Лајун го направил своето деби во победата со 3-1 над Ароука, играјќи ги сите 90 минути. На 4 ноември, тој го постигнал својот прв гол за Порто во победата со 3-1 над Макаби Тел Авив во Лигата на шампионите. Четири дена подоцна, Лајун го постигнал својот прв гол во португалското првенство во победата со 2–0 над Виторија Сетубал. По импресивната прва сезона во која Лајун забележал 27 настапи, постигнал 5 гола и забележал 15 асистенции (најмногу во целата лига за сезоната, изедначен со Николас Гајтан од ) во првенството, тој бил откупен од Порто на 28 мај 2016.

Втората сезона во Порто, Лајун ја започнал добро постигнувајќи гол во победата со 3-0 над во Рим, во квалификациската рунда за пласман во групната фаза на Лигата на шампионите. Во првенството, исто така, играл стандардно и забележал неколку асистенции во првите неколку натпревари. Сепак, кон крајот на ноември тој се здобил со повреда на адукторот, поради која отсуствал од терените околу месец дена. По враќањето од повредата, тој испаднал од стартната постава и неговите настапи во вториот дел од сезоната значително се намалиле. Сезоната ја завршил со само 16 настапи во првенството, постигнувајќи еден гол во победата со 7-0 над Насионал на 4 март 2017.

Откако во сезоната 2017-2018, неговите настапи продолжиле да се намалуваат и тој поминал само 213 минути на теренот, било објавено дека постои можност Лајун да го напушти Порто во јануари 2018.

Севиља и Виљареал На 30 јануари 2018 година, Лајун се преселил во шпанската Примера Дивисион, каде го облекол дресот на Севиља на позајмица до крајот на сезоната 2017–2018, со право на откуп. На тој начин, Севиља ја добила битката за неговиот потпис со градскиот ривал , кој исто така бил заинтересиран за услугите на Лајун. Дебитирал за андалузијците на 3 февруари 2018, играјќи ги како десен бек сите 90 минути во поразот со 5-1 од Ејбар. На 18 март, тој го постигнал својот прв гол во поразот со 2-1 на гостувањето кај Леганес. За Севиља играл само шест месеци, забележувајќи 18 настапи и два гола.

thumb|right|Лајун (лево) со Виљареал На 11 јули 2018 година, Лајун му се приклучил на Виљареал, потпишувајќи тригодишен договор. На 31 август 2018 година, тој ќе го направил своето деби за жолтата подморница влегувајќи како замена за Санти Касорла во 75-тата минута од натпреварот против Жирона, кој Виљареал го загубил со 1–0. Откако за Виљареал одиграл само 15 натпревари во сите натпреварувања во првиот дел од сезоната, Лајун го напуштил клубот во јануари 2019 и се вратил во татковината.

Монтереј и враќање во Клуб Америка Во јануари 2019 година, тој се преселил во Монтереј. И покрај интересот за неговите услуги од некои европски клубови како Селта Виго и Милан за време на зимскиот трансферен преоден рок, Лајун одлучил дека финансиски и лично за него е подобра одлука да се врати во Мексико. Во мај истата година, го освоил првиот трофеј со Монтереј, триумфирајќи во КОНКАКАФ Лигата на шампионите против УАНЛ Тигрес во мексиканското финале. Во декември, Лајун станал шампион на Мексико по трет пат во својата кариера, првпат со Монтереј, откако тимот го совладал по изведување пенали неговиот некогашен клуб Клуб Америка во финалето на Апертура 2019. Тој одиграл две ипол сезони во дресот на Монтереј, пред да го раскине договорот со клубот со взаемна согласност на 2 јуни 2021.

На 3 јуни 2021 година, Лајун се вратил во Клуб Америка потпишувајќи едногодишен договор, со опција за дополнителна година.

На 8 октомври 2023 година, тој објавил дека ќе се повлече од професионалниот фудбал на крајот на годината. Својот последен натпревар го одиграл во финалето на првенството Апертура 2023, во кое го победиле УАНЛ Тигрес што му овозможило да се пензионира како шампион во мексиканското првенство.

Репрезентативна кариера

Во 2013 година, Лајун го добил својот прв повик во репрезентацијата од селекторот Хосе Мануел де ла Торе по неговите настапи за Клуб Америка за време на првенството Клаусура 2013. Тој бил избран во тимот за КОНКАКАФ Голд купот 2013 одржан во САД, за кој целиот тим бил составен од играчи од мексиканската лига. Тој го направил своето деби на 11 јули во натпреварот од групната фаза против Канада на СенчриЛинк Филд во Сиетл. Тој ги одиграл сите деведесет минути во победата на Мексико од 2-0. Мексико на крајот бил елиминиран од натпреварувањето од Панама во полуфиналето.

Лајун повторно бил повикан од привремениот селектор Виктор Мануел Вучетич да учествува на последните два натпревари на Мексико во квалификациите за Светското првенство против Панама и Костарика; тој играл и во двата меча. Мексико речиси ја пропуштил шансата да се квалификува за првенството по поразот од Костарика со 2-1, но сепак на крајот успеале да се пласираат за Интерконтиненталниот плејоф против Нов Зеланд. Лајун повторно бил повикан од новиот селектор на Мексико, Мигел Ерера - неговиот тренер во Клуб Америка во тоа време - да игра на првиот натпревар, обезбедувајќи две асистенции за Орибе Пералта во победата од 5-1 на Ацтека. Така, мексиканците се квалификувале за Мундијалот, совладувајќи го Нов Зеланд со вкупен резултат од 9-3.

На 8 мај 2014, Лајун бил вклучен во составот од 23 играчи на Мексико за Светското првенство 2014. Тој го направил своето мундијалско деби на 13 јуни против Камерун, играјќи како лев бек, во победата со 1-0. Лајун започнал во сите три натпревари во групата преку која Мексико се пласирал во осминафиналето, каде што потоа биле елиминирани од Холандија со гол во последните минути.

Следната година, Лајун бил во составот на репрезентацијата на КОНКАКАФ Голд купот 2015, каде Мексико триумфирал и ја освоил својата 10-та титула на ова натпреварување. Лајун ги одиграл сите шест натпревари за својата земја на турнирот, вклучително и финалето против Јамајка добиено со 3-1, во кое го играл сите 90 минути.

Во мај 2018 година, Лајун бил повикан за Мексико да настапува на Светското првенство 2018 во Русија. Тој играл во сите четири натпревари на турнирот, на кој Мексико уште еднаш бил запрен во осминафиналето.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика