200px|мини|Дакота Џонсон во 2025 година Дакота Маји Џонсон (англ. Dakota Mayi Johnson; родена на 4 октомври 1989 година) ― американска глумица. Таа е ќерка на глумците Дон Џонсон и Мелани Грифит. На филмското платно дебитирала на десетгодишна возраст со помала улога во Луди во Алабама (англ. Crazy in Alabama) (1999), во режија на нејзиниот тогашен очув Антонио Бандерас, а во кој исто така глумела и нејзината мајка. По матурирањето почнала да оди на аудиции за улоги и имала помала улога во Социјална мрежа (2010). Џонсон имала главна улога во еротскиот филмски серијал „Педесет нијанси“ (2015–2018). Во 2016 година била номинирана за БАФТА за Ѕвезда во подем и била вклучена на списокот од Форбс „30 под 30“.
Живот и кариера Дакота Маји Џонсон е родена на 4 октомври 1989 година во Остин, Тексас. Таа е ќерка на глумците Дон Џонсон и Мелани Грифит.
Поради занимањето на нејзините родители, Џонсон голем дел од детството го поминала на различни локации со нив на филмски сетови и премиери, но живеела и во Аспен и во Вуди Крик, Колорадо. Одредено време учела во училиштето во Аспен, потоа во училиштето Санта Каталина во Монтереј, Калифорнија и во текот на првата година од средно образование се префрлила во приватното училиште „Њу Роудс“ во Санта Моника, Калифорнија.
Џонсон се заинтересирала за манекенство на дванаесет години откако учествувала во фотосесија со деца на други познати личности за Teen Vogue. Од околу 14-годишна возраст се борела со депресија и се пријавила на рехабилитација. Џонсон уште како дете била заинтересирана за глума, но нејзините родители ја обесхрабрувале да се занимава со оваа професија додека не заврши средно училиште. По завршување на средното училиште таа се пријавила во училиштето Џулијард, изведувајќи монолози од Шекспир и Стив Мартин, но не била примена.
1999–2014: Почетоци на кариерата Во 1999 година, Џонсон дебитирала на филм во Луди во Алабама, во кој таа и нејзината полусестра Стела Бандерас глумеле ќерки на нивната вистинска мајка, Мелани Грифит. Филмот бил режиран од Антонио Бандерас. Во 2006 година била избрана за Мис Златен глобус. лево|мини| Џонсон на сетот на A Bigger Splash кон крајот на 2014 година Истата година, Џонсон потпишала договор со агенцијата IMG Models. Иако глумата е нејзино примарно занимање, таа била модел за линијата фармерки од брендот MANGO во 2009 година и ја снимила кампањата „Rising Star“ за австралиската модна куќа Wish во 2011 година.
По завршувањето на средно училиште потпишала договор со агенцијата Вилијам Морис и ја започнала нејзината глумечка кариера. Имала помала улога во биографскиот филм од Дејвид Финчер „Социјална мрежа“ (2010). Имала помали улоги во филмовите: Ѕверски (англ. Beastly; (2011)), и За Елен (2012). Во 2012 година глумела во комедијата Кози, во романтичниот филм Петгодишна свршувачка и во комедијата На тајна задача (англ. 21 Jump Street). Имала главна улога во филмот од Крис Нелсон, Мојот геј другар (англ. Date and Switch).
Во март 2012 година, Џонсон имала главна улога во хумористичната телевизиска серија Бен и Кејт. Бил откажан на 25 јануари 2013 година, по една сезона. Џонсон продолжила да глуми во филмови и имала мала улога во Need for Speed (2014). Во 2013 година глумела во последните две епизоди од деветтата сезона на хумористичната серија Во канцеларија (The Office).
2015–2019: Пробив Дакота Џонсон се пробила со главната улога како Анастасија „Ана“ Стил во еротскиот романтичен филм „Педесет нијанси сиво“, објавен во февруари 2015 година. На прашањето за нејзиниот став за родовите права во контекст на нејзината улога во серијалот филмови „Педесет нијанси“, Џонсон изјавила: „Горда сум на [филмот]. Воопшто не се согласувам со луѓето кои мислат дека Ана е слаба. Всушност сметам дека таа е посилна од него. Сè што таа прави е нејзин избор." лево|мини| Џонсон на 69-тото доделување на филмските награди на Британската академија на почетокот од 2016 година Во 2015 година глумела во играниот филм Црна миса (Black Mass), заедно со Тилда Свинтон, Матијас Шенертс и Реиф Фајнс во трилерот од Лука Гвадањино Распрскување (A Bigger Splash). и во Симбелин (англ. Cymbeline), современа филмска адаптација на драмата од Вилијам Шекспир, во која таа глумела заедно со Итан Хок и Ед Харис. Во 2016 година имала главна улога во комедијата Како да се биде сингл (англ. How to Be Single). Во јуни 2016 година Џонсон била поканета да се приклучи на Академијата за филмски уметности и науки. мини|253x253пкс| Џонсон на филмскиот фестивал во Венеција во 2018 година Џонсон глумела во натприродниот хорор филм од Лука Гвадањино , Суспирија (англ. <i id="mwAXM">Suspiria</i> (2018)), римејк на филмот од 1977 година, во кој таа глумела американска танчерка во Берлин која се запишува на академија водена од ковен на вештерки. Во 2018 година, глумела и во нео-ноар трилерот од Дру Годард, Тешки времиња во Ел Ројал (англ. Bad Times at the El Royale), заедно со Џеф Бриџис, Џон Хам и Крис Хемсворт. Во филмот, таа игра хипик кој престојува во одморалиште на границата меѓу Калифорнија и Невада каде што се вкрстуваат животите на различни луѓе со сомнително минато.
Во 2019 година, Џонсон заедно со Арми Хамер глумела во психолошкиот хорор-филм од Бабак Анвари, Рани (англ. Wounds), заснован на хорор-новелата од Нејтан Балингруд, „Видлива нечистотија“. Светската премиера ја имал на филмскиот фестивал Санденс на 26 јануари 2019 година. Џонсон глумела во авантуристичкиот филм The Peanut Butter Falcon. Филмот бил премиерно прикажан на South by Southwest на 9 март 2019 година. Станал независен филм со најголема заработка на годината. Глумела и во филмот од Габриела Каупертвејт Нашиот пријател, заедно со Кејси Афлек и Џејсон Сигел.
2020 – денес: Џонсон, заедно со поранешниот директор за развој од Нетфликс, Ро Донели, ја основала продуцентската компанија TeaTime Pictures, за продукција на филмови и телевизиски серии. Во 2020 година Џонсон дебитирала како режисер; била корежисер (заедно со Кори Бејли) на музичкото видео за „Cry Cry Cry“ од Колдплеј, во кое се појавува нејзиното момче Крис Мартин. Џонсон заедно со Трејси Елис Рос глумела во филмот The High Note, објавен на 29 мај 2020 година.
Во 2021 година глумела во „Изгубената ќерка“, во режија на Меги Џиленхол и заснован на истоимениот роман од Елена Феранте. Во 2022 година глумела во Нетфликсовата адаптација романот од Џејн Остин, Убедување. Таа била копродуцент и глумела во неколку филмови: како лезбејка во Дали сум добро? (англ. Am I Ok?), како млада мајка со аутистично дете во Cha Cha Real Smooth и како патник во такси кој има емоционално длабок разговор со таксистот во Дедио (Daddio). Нејзините улоги во The Lost Daughter, Persuasion, Cha Cha Real Smooth и Daddio биле позитивно оценети од критичарите и од публиката.
Во ноември 2023 година, Џонсон ја напуштила WME и потпишала договор за застапување со Creative Artists Agency. Глумела во главна улога во суперхеројскиот филм Мадам Веб (2024). Бил продуциран со буџет од 80 милиони долари и бил критички и комерцијално неуспешен.
Личен живот Џонсон имала долгогодишни врски со музичарот Ноа Герш и со глумецот Џордан Мастерсон. Речиси две години, со прекини, била во врска со Метју Хит, пејач од велшкиот инди-рок бенд Drowners. Од октомври 2017 година е во врска со пејачот од Coldplay, Крис Мартин. Заедно живеат во Малибу, Калифорнија.
Џонсон е ентузијаст за тетоважи и е бренд-амбасадор на луксузниот моден бренд Гучи. Во ноември 2020 година, било објавено дека станала инвеститор и ко-креативен директор на Maude, бренд за сексуално здравје. Во 2018 година, со 300 жени од Холивуд ја основала иницијативата Time's Up за заштита на жените од вознемирување и дискриминација.
Џонсон е страствен читател. Отворила клуб за читање книги во март 2024 година.
Наводи
Надворешни врски
Dakota Johnson at the TCM Movie Database
Категорија:Американски филмски глумици Категорија:Американски телевизиски глумици Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Американски манекенки Категорија:Американци со германско потекло Категорија:Американци со шведско потекло Категорија:Американци со норвешко потекло Категорија:Глумци од Тексас Категорија:Глумци од Остин