АТП Далас познат уште и како Отворено тениско првенство на Далас е тениски турнир во машка конкуренција кој се игра на тврда подлога во затворено во Далас, САД. Настанот се одржува во Ford Center at The Star во Фриско, Тексас. Турнирот бил преместен таму од Јуниондејл, Њујорк, каде бил познат како АТП Њујорк и се играл во периодот 2018-2020.
Првиот турнир од денешната серија АТП Далас се одржал во 2022 година, со што било означено враќањето на градот Далас во АТП турнејата, за првпат од 1983 година..
Во 2025, турнирот бил унапреден од АТП 250 во АТП 500 серијата.
Досегашни финалиња Поединечно ГодинаШампионФиналистРезултат2022 Рајли Опелка Џенсон Бруксби 7–6(7–5), 7–6(7–3)2023 Ву Јибинг Џон Изнер 6–7(3–7), 7–6(7–4), 7–6(14–12)2024 Томи Пол Маркос Гирон 7–6(7–3), 5–7, 6–3
Двојки ГодинаШампионФиналистРезултат 2022 Марсело Аревало Жан-Жулиен Ројер Лојд Гласпул Хари Хелиовара 7–6(7–4), 6–42023 Џејми Мари Мајкл Винус Натаниел Ламонс Џексон Витроу1–6, 7–6(7–4), [10–7]2024 Макс Персел Џордан Томпсон Вилијам Бумберг Ринки Хиџиката6–4, 2–6, [10–8]
Наводи
Надворешни врски
АТП Далас на страната на АТП
Категорија:АТП Далас Далас Категорија:АТП серија 500 Категорија:Тениски турнири во САД Категорија:Тениски турнири на тврда подлога