Доца Брајковска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Во летото 1942 година станала член на воспитна младинска група, со која собирала народна помош, изработувала топла облека за борците на НОВ и работела на опфаќањето на жени и младинки во воспитни групи. Во 1942 година била примена за член на СКОЈ и била задолжена за одржување на врска меѓу селата: Беличица, Маврово, Селце и Кичиница. Во зимата 1943 година, во нејзиниот дом престојувале илегалци и во истата година во февруари била примена за член на КПЈ. Воденицата на нејзиното семејство била база на илегалците и членовите на V ОК КПМ. Во септември 1944 година по палењето на Беличица учествувала во собирањето на посмртните остатоци на борците и соселаннте. Била избрана за член на Околискиот Комитет на КПМ.
Поврзано
Масакр во Беличица Живко Брајковски Филип Брајковски Тренда Брајкова Евгенија Брајковска Нада Брајковска Параскева Брајковска Селвија Брајковска
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ