Долина Вињалес (шпански : Valle de Viñales) — карстна депресија во планините Сиера де лос Органос, веднаш северно од градот Вињалес во покраината Пинар дел Рио на Куба.

Ова подрачје од 132 km² е опкружено со планини и е исполнето со многу драматични варовнички карпи (моготи) кои се издигнуваат од земјата високи до 300 м. Има и бројни пештери каде што се пронајдени фосили од амонити. На околните ридови, вегетацијата се одликува со месни ендемски видови, како што се палмите Gaussia princeps и Microcycas calocoma, жив фосил на цветоносна флора. Меѓу ендемските животни, може да се најдат пчелното колибри (Mellisuga helenae), кое се смета за најмалата птица во светот, кубанскиот трогон (Priotelus temnurus) и кубанскиот тоди (Todus multicolor). Сепак, долината Вињалес е најпозната како крајолик на ораници, првенствено за традиционално одгледуван тутун. Вредноста на културниот крајолик ја надополнуваат села, фарми и живеалишта во народна архитектура во кои живее мултиетничко населени кое го одразува културниот развој на Карипските Острови, вклучително и Куба. Затоа во 1999 година Долината Вињалес била запишана на УНЕСКО-виот Список на светско наследство во Северна Америка.World Heritage Committee Inscribes 48 New Sites on Heritage List 2 декември 1999. Посетено на 20 август 2012. лево|мини| Мануел Ривера-Ортис, Берење тутун во долината Вињалес 2002 година.

Историја мини|242x242пкс| Долината кај Вињалес во 2009 година лево|мини| Паленке де лос Симаронес Многу од пештерите, кои се расфрлани на падините на сртот на долината Вињалес, биле населени со векови пред доаѓањето на шпанските освојувачи. Плодната почва и погодната клима довеле до развој на сточарството и одгледување фуражни растенија и житарки, за што се користеле робови од Африка. Остатоците од најголемата хациенда, Пан де Азукар, сведочат за тоа како робовите биле учени на различни занаети. Избеганите робови, познати како цимарони, често барале засолниште во бројните пештери во долината.

По појавата и значителното проширување на одгледувањето тутун, селото Вињалес било основано во 1875 година, покрај патот што води од главниот град на покраината, Пинар дел Рио, до Пуерто Есперанца, главниот излез до морето. Западната железница (Ferrocarril del Oeste), од која останале само неколку остатоци, била изградена во 1882 година. Долината Вињалес била сцена на неколку воени операции за време на Војната за независност, но и за време на Кубанската револуција. Во моментов, долината е посветена на земјоделството, а нејзиното население од околу 8.000 луѓе главно се занимава со одгледување тутун, култура која дава најдобри приноси. Неодамнешните опити покажале дека употребата на машини го намалува квалитетот на тутунот, што објаснува зошто во оваа долина сè уште се користат стари методи, како што се коли со животни.

Одлики Повеќето градби, расфрлани низ рамнината, се едноставни и изградени од месни и природни материјали и се користат како домови или семејни земјоделски добра. Селото Вињалес, поставено покрај главната улица, го задржало својот изворен изглед, а има многу занимливи примери на колонијална архитектура. Долината е дом на домородна култура која е спој на придонеси од домородните народи, шпанските освојувачи и африканските робови. Одлична илустрација за оваа култура е музичкиот израз на полските работници (вегуеро), чиј главен толкувач бил Бенито Хернандез Кабрера (познат како Вињалеро). Овде цветаат и многу традиционални занаети. Кубанците силно се поистоветуваат со долината Вињалес поради убавината на местото и неговото историско и културно значење. Во делата на уметници како Доминго Рамос и Тибурсио Лоренцо, долината е претворена во симбол на карипскиот крајолик.

Наводи

Надворешни врски

UNESCO Viñales Valley webpage Main website for rock climbing in Cuba, especially Vinales.

Категорија:Долини Категорија:Светско наследство во Куба Категорија:Национални паркови во Куба Категорија:Релјефни облици во Куба