Воскарничето е метален сад во кој се топел и лиел восок.
Опис
Воскарничето служело за топење восок. Оваа алатка се состои од мал тркалезен плиток тас чијшто дел од дното допира до земјата кога стои. Од едната страна има подолга железна рачка, на тасот прицврстена со дополнително бакарно парче и со чивија. На слободниот крај рачката има неправилна поширока дупка со чија помош алатката се закачува на ѕид, кога не се користи. На страната на која е споена со тасот има додадено две ногарки, насреде споени со чивија.
Алатката може да има додадено мало правоаголно парче од едната страна на тасот. Едната половина на парчето е прилепена за страната на тасот, додека слободниот горен дел има две вертикално поставени дупчиња. Дупчињата служат за истекување на растопениот восок. Сличен ваков сад без додаденото парче се нарекува мангалче и го користеле кујунџиите. „Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 122, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.
Наводи
Поврзано Восок Мангалче
Категорија:Прибор за восок