Табака или дискус е плиток сад или чинија за верски обреди.

Опис

Дискусот служел во црква за ставање нафора и жито. Со тркалезно рамно дно дискусот речиси и нема страни, туку само преку поголем дел од дното преминува во поширок венец со благо искосени страни. На дното од садот се наоѓаат два круга, од кои едниот помал во центарот, а другиот поголем. Двата круга се направени со доработување на садот. Венецот е богато и многу прецизно украсен. Медалјоните се исполнети со мотиви. Меѓу медалјоните се наоѓаат шест полиња со по три декорирани реда, што може да варира од регион до регион. Внатрешноста на редовите е исполнета со фриз од геометриски мотиви. Долниот и горниот ред се идентични, исполнети со густо подредени ромбоидни форми чија заднина е темна. Средниот ред е поширок од другите и е исполнет со варијанта од мотивот синџир. Краевите на сите украсни редови не завршуваат пресечени рамно, туку косо или вдлабнато, при што го формираат празното поле во кое е сместен медалјонот. Целата декорација на садот е многу прецизно планирана и изведена.„Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 117, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.

Наводи

Поврзано Апладија Табака

Категорија:Метални садови