Казан за ракија е метален уред за дестилирање алкохол, нашироко користен за варење и подготвување домашна ракија.
Опис Казанот служел за варење ракија. Тој се состои од деловите ќумбе, буре, луле, рачки, цевка за истекување. Добар дел од апаратот е изработен од метал, а бакарни делови од казанот се: казанот, капакот, лулето, цилиндарот и цевчето. „Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 120, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.
Казанот има рамно дно и страни што продолжуваат нагоре исто така рамно поставени. Капакот е со кубеста форма, односно полутопка. Делот наречен луле е поширока цевка, на двата краја свиткани под заоблен агол од 90°. Едниот крај е споен со проширениот дел од бурето во вид на цилиндар и се протега низ целата негова должина. Другиот крај од лулето е споен со врвот од капакот од казанот. Малата цевка, што се наоѓа во долниот дел од бурето, е исто така бакарна и од неа истекува ракијата. Во горниот празен дел од железната печка, која е поткрената на три нозе, стои бакарниот казан во кој се става смесата од која се вари ракија. Однадвор, во горниот дел од казанот, на две спротивни страни се наоѓаат две правоаголни големи рачки. Тие се под мал агол свртени надолу и со нивна помош не само што се поткрева казанот, туку заедно со зајакнатиот раб, што се наоѓа во неговиот горен дел, се потпираат на исто така зајакнатиот раб од печката. Врз казанот се става кубестиот капак чиј долен раб е, исто така, зајакнат и свиткан нагоре. На врвот од капакот, кој е цуцулесто поткренат, влегува лулето кое продолжува во хоризонтала, така што го спојува казанот со бурето. Бурето е направено од лим што е засилен со железни обрачи и вертикали коишто во долниот дел истовремено се и ногарки, а низ целата висина на бурето се протега и бакарно луле кое тука се проширува во цилиндар, а во долниот дел излегува од бурето како бакарно цевче низ кое во слаб млаз истекува ракијата.
Наводи
Поврзано Казанче Ракија
Категорија:Алкохол Категорија:Дестилација Категорија:Опрема