Фенер-мушама е вид на фенер кој се користел за осветлување во затворен простор.
Опис Фенерот служел за осветлување. Составен е од два плитки благо конкавни таса кои меѓу себе се споени со внатрешните страни преку мушама. Мушамата е свиткана како хармоника и при отворање лесно се растегнува, а при затворање лесно се собира и се поклопува. На долниот дел од тасот однатре се наоѓа мало длабоко сандаче во кое се става свеќата. Горниот тас насреде има отвор врз кој е направен посебен подвижен капак со ниска кубеста форма. На две спротивни страни на средината од горниот тас за две топчести мали пупки е прицврстена тенката повисока полукружна рачка, на која, пак, за средишниот дел е прикачена кукачка. Кукалката служи за обесување на фенерот во слободен простор. Површината и на горниот и на долниот тас е сета издупчена во украсни форми, а покрај естетската овие ажурни украси имаат исто така и функција за пропуштање на светлина. Фенерите од ваков тип се изработени машински. „Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 100, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.
Наводи
Поврзано Фенер Ламба
Категорија:Покуќнина