Македонска православна катедрална црква „Успение на Пресвета Богородица“ — македонска православна катедрална црква лоцирана во Сиденхам, предградие на северозападниот дел на Мелбурн, Викторија, Австралија.

Историја Во 1994 година локалната македонска заедница започнала со напорите за основање црква во западните предградија на Мелбурн. Иницијативата била одобрена од Македонскиот свет синод во февруари 1995 година.

Црквата била изградена на Сиденхамски пат во Сиденхам. Митрополитот Петар ја осветил црквата во октомври 1996 година.

Во април 2016 година, црквата и бараката биле изгорени во пожар што локалните власти го сметале за сомнителен.

Поврзано

Австралиски Македонци

Наводи

Надворешни врски

Фејсбук

Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Цркви во Австралија Категорија:Македонски православни цркви во Австралија