Давид Брекало (роден на година, во Љубљана) — словенечки фудбалер, одбрана на и на словенечката репрезентација.
Клупска кариера Брекало е младински производ на НК Браво, каде што ја започнал својата фудбалска кариера во 2007 година. Тој го направил своето деби во Првата лига на Словенија за клубот на 14 јули 2019 година, во натпревар против Олимпија Љубљана. Во јануари 2021 година, тој бил поврзан со трансфер во шведскиот клуб Малме, но сепак тој трансфер не се реалзирал.
На 11 август 2021 година, Брекало му се приклучил на норвешкиот клуб Викинг, потпишувајќи договор со клубот на три и пол години. Тој го направил своето деби само четири дена подоцна, во победата со 3–2 над Молде, во која тој го постигнал победничкиот гол во судиското продолжение. На 28 ноември 2021 година, тој добил црвен картон затоа што го турнал соиграчот Патрик Гунарсон во последните минути од победата со 3–2 против Кристијансунд. Дресот на Викинг го носел три сезони, забележувајќи вкупно 74 настапи и 8 гола за клубот.
На 8 февруари 2024 година, Брекало потпишал договор со членот на МЛС лигата, Орландо Сити. Дебитирал за Орландо на 24 февруари, против . Својот прв гол за клубот тој го постигнал на 13 април 2024 година, против .
Репрезентативна кариера Брекало го направил своето деби за на 26 март 2022 година, во пријателски натпревар против што завршил 1-1.
Тој ја претставувал Словенија на Европското првенство 2024.
Хронологија на репрезентативните настапи
Наводи
Надворешни врски
Давид Брекало на soccerway Давид Брекало на transfermarkt Давид Брекало на ESPN Давид Брекало на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Викинг Категорија:Фудбалери на ФК Орландо Сити Категорија:Словенечки фудбалери