„Влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења: теориска и емпириска анализа“ — книга на македонскиот економист Љубе Трпески, објавена од издавачката куќа „Студентски збор“ во 1983 година. Рецензенти на книгата се Ксенте Богоев и Димитрије Димитријевиќ. Книгата била испечатена со материјална поддршка од Општата самоуправна интересна заедница на научните дејности — Скопје. Авторот му ја посветил книгата на својот починат татко.Љупчо Трпески, Влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења – теориска и емпириска анализа. Новинско издавачка организација „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр. 2-3. Книгата, со обем од 307 страници и со димензии од 24 сантиметри, била испечатена во печатницата „Просвета“ во Куманово, во тираж од илјада примероци. Јазичната редакција, техничкото уредување и коректурата ги направил Јован С. Стојановски. Книгата е каталогизирана во НУБ „Климент Охридски“ — Скопје, но без меѓународната ознака ISBN.Љупчо Трпески, Влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења – теориска и емпириска анализа. Новинско издавачка организација „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр. 306.
Содржина Книгата се состои од три дела:Љупчо Трпески, Влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења – теориска и емпириска анализа. Новинско издавачка организација „Студентски збор“, Скопје, 1983. Теоретски сфаќања за неутралноста на парите во стопанскиот живот Класичните варијанти на квантитативната теорија за влијанието на парите врз стопанските движења Кејнсијанската „револуција“ во монетарната теорија Реформулирана квантитативна теорија или „контрареволуија“ во монетарната теорија „Portfolio Balance“ теоријата за влијанието на парите врз економската активност „Wealth Adjustment“ теоријата за влијанието на парите врз стопанскире движења Екстремните позиции на „Radcliffe Report“ Hicks-овата синтеза на класичната и Кејнсовата теорија Сфаќањата за т.н. „time lag“ на монетарната политика во одделни теории Сфаќања за т.н. трансмисионен механизам на ефектите на парите и кредитите врз стопанските движења во одделни теории Квантитативни модели за испитување на ефектите на монетарните агрегати во стопанските движења II дел
Марксовата теорија за улогата и значењето на парите Некои погледи за улогата и значењето на парите во земјите со административен социјализам III дел. Влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења во Југославија
Институционални претпоставки за влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења во Југославија Улогата и значењето на кредитно монетарната политика во стопанскиот систем на Југославија Механизамот на монетарно-кредитното регулирање во Југославија во периодот по економската реформа од 1965 година Одредување на потребното количество пари и проблемите сврзани со тоа Брзината на оптокот на парите и стопанската активност во Југославија Ефекти од нерамнотежата меѓу понудата и побарувачката на пари и кредити Трансмисиониот механизам на пренесување на ефектите од парите и кредитите врз стопанските движења во Југославија Пролегомена за теоретските и квантитативните истражувања за влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења во Југославија Наши квантитативни истражувања за парите и кредитите врз стопанските движења во Југославија во периодот 1966-1978 година Дефинирање на монетарните агрегати Дефинирање на агрегатите на домашната потрошувачка и стопанските движења Методологија на анализата Анализа на добиените резултати Основни заклучоци Прилог — Оригинални и десезонирани податоци на монетарните и реалните агрегати Библиографија
За делото Книгата, всушност, ја претставува скратена и изменета верзија на докторската дисертација која авторот ја одбранил на 31.3.1980 година на Економскиот факултет во Скопје, под менторство на Ксенте Богоев. Централното прашање кое се разработува во неа е влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења во Југославија.Љупчо Трпески, Влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења – теориска и емпириска анализа. Новинско издавачка организација „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр. 7. Во првиот дел од книгата се претставени теоретските сфаќања за влијанието на парите и на кредитите врз стопанските движења. Во вториот дел се разработени Марксовите сфаќања за ова прашање, како и некои погледи за улогата на парите во советската и во полската економска литература. Најпосле, во третиот дел се анализира влијанието на парите и на кредитите врз стопанските движења во Југославија.Љупчо Трпески, Влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења – теориска и емпириска анализа. Новинско издавачка организација „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр. 10.
Во рецензијата на книгата се истакнува дека таа дава значаен придонес кон југословенската монетарна теорија и пракса. Во теориска смисла, книгата дава одговори на основните прашања за влијанието на парите врз реалните движења, а во практична смисла, таа дава резултати кои се непосредно применливи во монетарната анализа и во монетарното планирање, а особено во формирањето на целите и задачите на монетарно-кредитната политика.Љупчо Трпески, Влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења – теориска и емпириска анализа. Новинско издавачка организација „Студентски збор“, Скопје, 1983.
Наводи
Категорија:Дела на Љубе Трпески Категорија:Економски дела Категорија:Монетарна политика Категорија:Макроекономија Категорија:Изданија на Студентски збор Категорија:Книги од 1983 година Категорија:Македонски дела од 1983 година Категорија:Појавено во 1983 година во Македонија