Маркус Хејриис Ингвартсен (роден на 4 јануари 1996, во Фарум) е дански фудбалер, на Сан Диего.

Клупска кариера Норшелан Ингвартсен ја започнал својата кариера во родната Данска, со екипата на Норшелан. Откако во февруари 2014 година, настапил и импресионирал на Турнирот Вијареџо постигнувајќи и еден гол во ремито 1-1 против , на крајот на истиот месец тој добил можност да дебитира за првиот тим на Норшелан влегувајќи како замена во првенствената победа над Виборг со 2-0.

Откако во сезоната 2013-2014 настапил само двапати, следната сезона Ингвартсен добил можност да настапи на 14 натпревари во Суперлигата на Данска, постигнувајќи ги и својте први два гола во победата на домашен терен со 4-2 над Хобро. Во сезоната 2016–2017, Ингвартсен бил најдобар стрелец во данското првенство со 23 првенствени голови; завршувајќи со 3 гола пред вториот играч на листата, Теему Пуки. Како резултат на неговите импресивни настапи тој, исто така, ја освоил наградата за Најдобар млад играч на годината во Данска за таа сезона.

Тој одиграл вкупно 76 натпревари за Норшелан и постигнал 30 гола.

Генк По сезоната во Норшелан со која се истакнал, белгискиот клуб Генк го потпишал Ингвартсен во текот на летото 2017 година. Ингвартсен ја започнал својата прва сезона во Генк со влегување неколку пати како доцна замена. Сепак, во својот прв целосен натпревар за клубот, Ингвартсен постигнал два гола против Ојпен за да му донесе бод на Генк во ремито 3–3. Тој повторно постигнал гол на следниот првенствен натпревар на Генк против Мускрон. Ингвартсен постигнал уште два првенствени гола против Кортријк и Остенде, пред да доживее сериозна повреда на коленото на почетокот на 2018 година со која ја завршил сезоната.

Пред неговата повреда, Ингвартсен имал важна улога во некој од натпреварите на Генк од Купот на Белгија, каде клубот стигнал до финалето: во осминафиналето, тој го израмнил резултатот на 1–1 против Мехелен во седмата минута и реализирал удар од белата точка откако натпреварот стигнал до изведување пенали, во кое Генк бил подобар. Во четвртфиналето, на Генк одново му биле потребни пенали за да мине во следната фаза, овојпат елиминирајќи го Васланд-Беверен, a Ингвартсен повторно бил меѓу прецизните изведувачи. Конечно, тој постигнал гол и во првиот полуфинален натпревар против Кортријк, загубен со 3-2, но во вториот натпревар Генк победиле со 1-0 и се пласирале во финалето во кое без Ингвартсен загубиле од со 1-0 по продолженија.

Повредата заработена во претходната сезона, го принудила Ингвартсен да го пропушти и почетокот на сезоната 2018-2019. Тој се вратил во акција на 26 септември 2018, играјќи во второто полувреме од натпреварот од шесттото коло на Купот на Белгија против Ломел, во кој го постигнал и својот единствен гол за сезоната при победата со 4-0. Во првенството Генк станал шампион додека Ингвартсен одиграл само 8 натпревари (само еден како стартер) без постигнат гол, но на крајот од сезоната заедно со соиграчите го прославил освојувањето на титулата што бил неговиот прв трофеј во кариерата.

Унион Берлин и Мајнц Во јуни 2019 година, Ингвартсен потпишал тригодишен договор со новопромовираниот клуб во германската Прва Бундеслига, . Своето деби за клубот го направил на 11 август во победата со убедливи 0–6 на гостувањето кај нисколигашот Германија Халберштат во второто коло на Купот на Германија. Своето деби во Бундеслигата, го направил на 24 август, играјќи како стартер во ремито 1-1 на гостувањето кај Аугсбург. Својот прв гол за клубот го постигнал на 19 октомври 2019, во првенствената победа со 2-0 на домашен терен над Фрајбург. Во дресот на Унион Берлин одиграл вкупно 68 натпревари и постигнал 9 гола.

На 30 август 2021 година, по третиот натпревар од сезоната 2021-2022, Ингвартсен бил испратен на позајмица во друг клуб од лигата, Мајнц 05 со опција за откуп на крајот од сезоната. Под водството на неговиот сонародник Бо Свенсон, Ингвартсен имал успешна сезона во Мајнц постигнувајќи гол уште на неговото деби, само една минута по влегувањето во игра од клупата за резерви во победата со 2-0 на гости кај Хофенхајм на 11 септември. Својот втор гол за Мајнц го постигнал на 3 октомври, во поразот со 1-2 на домашен терен од неговиот претходен клуб Унион Берлин. Кон крајот на истиот месец, тој постигнал уште еден важен гол повторно влегувајќи како резерва, погодувајќи ја мрежата на Арминија Билефелд во 114-тата минута од продолежнијата, гол со кој на Мајнц му донел победа (3-2) и пласман во третото коло на Купот на Германија. На 18 февруари 2022, Ингвартсен го постигнал победничкиот гол во 88-мата минута од натпреварот со кој Мајнц го совладал со 3-2 на Опел Арена. На 14 мај 2022, во рамките на последното коло од Бундеслигата, Ингвартсен постигнал два гола во ремито 2-2 на домашен терен против Ајнтрахт Франкфурт. Сезоната ја завршил со 27 настапи и 7 гола, по што на 17 мај 2022, Мајнц го откупил Ингвартсен од Унион Берлин потпишувајќи три годишен договор со напаѓачот.

Следната сезона, и покрај проблемите со повреди на почетокот, била најдобрата за Ингвартсен по заминувањето од Данска: напаѓачот постигнал 10 гола во Првата Бундеслига и додал уште два во Купот на Германија, завршувајќи како најдобар стрелец на Мајнц за сезоната. Сепак и покрај одличната сезона, тој изненадувачки побарал да си замине од клубот со цел да се бори за место во данската репрезентација за Европското првенство 2024.

Враќање во Норшелан На 7 јули 2023 година, Ингвартсен се вратил во татковината приклучувајќи му се одново на Норшелан, по 6 години.Marcus Ingvartsen skifter til FC Nordsjælland, fcn.dk, 7 јули 2023

Сан Диего На 19 март 2024 година, новиот клуб во МЛС со проширувањето на лигата, Сан Диего, објавил дека постигнале договор со Ингвартсен за тој да му се приклучи на клубот за нивната инаугуративна сезона во 2025 година. Ингвартсен потпишал тригодишен договор до 2027 година, со клупска опција за продолжување за уште две сезони. Своето деби го направил, стартувајќи за Сан Диего во првиот натпревар во историјата на клубот, на 23 февруари 2025 година во победата со 2-0 на гости над актуелниот шампион Лос Анџелес Галакси. Во својот трет натпревар за клубот Ингвартсен го постигнал првиот гол за Сан Диего запечатувајќи ја победата на гостувањето кај (1-3) со гол во дополнителното време. San Diego FC Defeats Real Salt Lake 3-1 8.3. 2025

Репрезентативна кариера Ингвартсен бил младински репрезентативец на Данска, претставувајќи ја земјата во речиси сите младински селекции: под 16, под 17, под 19 и под 21 година.

Ингвартсен е најдобар стрелец на сите времиња за данската репрезентација под 21 година. Тој го надминал Питер Мелер на вечната листа и стигнал до 17 гола благодарение на неговиот гол против Англија. Во споменатата категорија, Ингвартсен ја претставувал Данска на две Европски првенства во 2017 и 2019, постигнувајќи на првото притоа и еден гол.

Во март 2021 година, тој го добил првиот повик во сениорската репрезентација од селекторот Каспер Хјулманд. Тој го направил своето деби на 28 март 2021 година, во квалификациите за Светското првенство против Молдавија и го постигнал последниот гол во победата од 8–0.

Хронологија на репрезентативните настапи

Титули Клупски Генк Белгиско првенство : 1 2018-2019

Индивидуални Најдобар стрелец во данското првенство: 1 2016-2017 (23 гола)

Наводи

Надворешни врски

Маркус Ингвартсен на soccerway Маркус Ингвартсен на transfermarkt Маркус Ингвартсен на espn Маркус Ингвартсен на whoscored

Категорија:Дански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Норшелан Категорија:Фудбалери на ФК Генк Категорија:Фудбалери на ФК Унион Берлин Категорија:Фудбалери на ФК Мајнц 05 Категорија:Фудбалери на ФК Сан Диего Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1996 година