Притаени страсти (тур: Aşk-ı memnu) е турска телевизиска серија, снимана во период од 2008 до 2010 година. Серијата во Македонија се емитуваше на Канал 5.
Сихронизација вршеле нашите познати глумци: Владо Јовановски, Марина Поп Панкова, Елена Трајковска, Сашко Коцев, Мелита Софрониоска, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Анастас Тановски, Миа Кантарџиева, Бедија Беговска, Емилија Мицевска, Горан Јовановски, Бобан Кулески и други.
Содржина Приказната се врти околу младата и убава Бихтер, која ја презира својата мајка, манипулативната и алчна Фирдевс, бидејки смета дека таа го изневерува својот татко со друг маж. Откако нејзиниот татко ќе дознае за неверството на својата сопруга, доживува срцев удар и веднаш умира.
Бихтер, желна за одмазда, го заведува Аднан, љубовникот на нејзината мајка и ќе се омажи за него. Аднан е дваесет години постар од Бихтер, кој по смртта на првата жена, живее во раскошна вила во Истанбул со својата ќерка Нина и посвоениот син Бехлул.
Бехлул е згоден млад маж, кој важи за голем заводник и е склон кон ноќниот живот, жените и пороците. Oна што Аднан не го знае за својата убава и млада сопруга е дека Бихтер всушност е со години вљубена во Белхул, уште од ноќта кога се забавувале и спиела со него, а тој ја откачил како што прави со сите жени всушност. Доаѓањето на Бихтер во куќата на Аднан означува почеток на една мистична и незаборавна љубовна приказна, која ги поврзува тајните и лагите, неверството и силната желба за одмазда.
Улоги ГлумецУлогаБерен СатБихтер ЈореоглуКиванч ТатлитугБехлул ХазнедарСелчук ЈонтемАднан ЗијагилНебахат ЧехреФирдевс ЈореоглуХазал КајаНихал ЗијагилЗерин ТекиндорДениз де КуртонБатухан КараџакајаНур ФетахоглуПејкер ЈореоглуИлкер КизмасНихат ОналБаран АкбулутБешир ЕрчиРана ЏабарСулејманФатма КаранфилШајестеПелин ЕрмишЏемилеЕврен ДујалНесринЕда ОзерканЕлиф БендерРеџеп АктугХилми ОналЗерин НишанџиАјнур ОналУфук КапланКатја МелинковГулсен ТунџерАрсен ЗијагилГулизар ИрмакСевилХајал КосеоглуПелинМурат ТузџуоглуИлханМунир АчаМелих ЈореоглуОлгун ЈалчинДениз
Надворешни врски
Категорија:Турски телевизиски серии