Ламбро Патче ( во – во ) – македонски агроном и технолог.
Животопис Ламбро Патче е роден на 23 мај 1908 г. во градот Охрид, тогаш во Отоманското Царство. Гимназија завршил во Битола, а дипломира на Земјоделскиот факултет во Тулуза во 1929 година, и на Технолошкиот факултет во Бордо, Франција во 1931 г. Работел во поголем број тутунски комбинати, а од 1949 г. како доцент преминува на Земјоделско-шумарскиот факултет при УКИМ, на кој и хабилитира. Работел три години како експерт на Обединетите нации во Сирија од областа на тутунот, каде што е одликуван со заслуги за „Сирија II“.
Трудови Објавил поголем број научни и стручни трудови од областа на тутунот:
1961: Придонес кон запознавањето на минералниот комплекс на македонските тутуни 1962: Кон запознавање материјалноста на македонските тутуни 1962: Застапеност на брадавиците и брадавичните бактерии кај луцерката, детелината и сојата во некои почви на СРМ 1966: Производство на тутун 1967: Влијанието на степенот на зрелоста врз некои поважни физички и хемиски својства на тутунот од типот џебел 1969: Зафатнинската тежина на тутунската суровина од типот отља во зависност од инсерцијата и степенот на зрелоста 1969: Прилог кон проучувањето на охридската "сорта" пиперка (c. annuum l. syn mexicanium h.) - романка 1980: Компаративни проучувања на поважните хемиски, физички и дегустативни својствана тутунската суровина од типот Отља: научноистражувачки проект 1987: Познавање на тутунската суровина: стокознаење
Наводи
Категорија:Македонски агрономи Категорија:Македонски технолози