мини|Лажица - чобана дрвена, овчарска од с. Аџибегово - Овче Поле Домашни занаетчиски ракотворби во Македонија — рачна изработка на предмети за домашна употреба.

Изработката на ови предмети за задоволување на непосредните потреби на едно семејство се одвивала во домовите, а производите биле продавани на пазар. Така на пример, се изработувалње ткаенини на разбој, дрвени лажици и виљушки, рогозини, сито и решето, плугови, сандаци за невести, грнчарија и друго.Д-р Киро Дојчиноски: Занаетите и еснафите во Скопје, ММ Скопје, 1996 г., стр. 135

Во Скопје и околината имало околу 250 жени кои ткаеле за 25 платнарски дуќани. Дрвените лажици и виљушки биле изработени од шимшир и буково дрво, а ситата и решетата биле правени од буков обод и платно од железен тел. Сандаците за невести најчесто се изработувале од буково дрво.

Речиси во секој селски дом се изработувале, а и денес се изработуваат, преработки на месо, млеко, волна како и печење на леб. Ваквите видови на домашни производи најчесто секое домаќинство ги изработувало за свои потреби и ретко биле носени на пазар.

Наводи

Категорија:Занаети Категорија:Ракотворби Категорија:Македонски ракотворби