Саат-кулата Манара или саат-кула ал-Манура () е саат-кула сместена во средината на централниот плоштад во Стариот дел од градот Наблус до џамијата Ан-Наср во Палестина.

Висока е пет ката, а подигната е во 1906 година по наредба на османлискиот султан Абдул Хамид II за да ги прослави 30 години од неговото владеење. Кулата е слична на оние што ги изградил султанот Абдул Хамид во Триполи и во Јафа. Саат-кулата Манара има ода на султанот во елаборирана арапска калиграфија.

Саат-кулата Манара моментално е симбол на градската општина Наблус.

Наводи

Библиографија

Категорија:Саат-кули