Знаме на Власите () — неофицијално етничко знаме што го користат некои Влашки националисти. Тие се пространети во Албанија, Бугарија, Грција, Македонија, Романија и Србија. Проценки за нивниот број се движат од 350.000 до 3 милиони луѓе. Во ниту една од овие земји не постои официјално знаме за Власите.

Опис Знамето е бело поле со сина контура во близина на рабовите. Бел круг во центарот е оцртан со сина боја и вкрстен со сини ленти со различни насоки. Уникатни верзии на знамето се присутни во влашката дијаспора. Понатаму, за време на Париската мировна конференција од 1919 и 1920 година, Власите користеле хоризонтално знаме составено од пет ленти: црвена, жолта, бледо сина, жолта и црна.

Во некои случаи и меѓу некои групи, особено меѓу националисти, знамето се смета за „свето“ и постојат строги правила за неговото користење за време на свадби. Знамето е ценето и се очекува да се почитуваат правилата.

Варијации Следниве се некои историски или традиционални варијации на влашкото етничко знаме користено од Власите:

Поврзано

Знаме на Албанија Знаме на Грција Знаме на Македонија Знаме на Романија Знаме на Молдавија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Историја на Власите Категорија:Власи Категорија:Влашка култура