„Автостоперски водич низ галаксијата“ (англиски: The hitch hiker's guide to the galaxy) — роман во пет книги на англискиот писател Даглас Адамс.

Содржина Прва книга: „Автостоперски водич низ галаксијата“ Првиот дел се состои од вовед и 35 глави. Вовед: Во овој дел, авторот накратко објаснува дека луѓето на Земјата биле несреќни, дека на Урса Минор се појавила книгата „Автостоперски водич низ галаксијата“ и попатно ја споменува катастрофата што се случила на Земјата.Daglas Adams, Autostoperski vodič kroz galaksiju. Polaris, Beograd, 1996, стр. 7-8. 1-3 глава: Во едно село во Англија живее трисетгодишниот Артур Дент кој три години претходно се иселил од Лондон. Еден четврток, општинската власт испраќа булдожер со намера да му ја урне куќата на чие место треба да помине автопат. Артур се спротивставува така што легнува пред булдожерот, но тогаш се појавува неговиот пријател Форд Префект кој, всушност, пред 15 години дошол на Земјата од далечната планета Бетелгез и кој е соработник на книгата „Автостоперски водич низ галаксијата“. Форд го носи Артур во блиската крчма каде му соопштува дека набргу ќе се случи пропаст на Земјата. И навистина, во мигот кога булдожерот ја урива куќата на Артур, на небото се појавуваат огрмоните вселенски бродови на Вогоните кои ја уништуваат Земјата за да направат место за вселенскиот автопат.Daglas Adams, Autostoperski vodič kroz galaksiju. Polaris, Beograd, 1996, стр. 8-23. 4-13 глава: На другиот крај од галаксијата, претседателот на царската галактичка влада, Запход Библброкс пристига на планетата Дамограм за свечено да го пушти во погон вселенскиот брод „Златно срце“. Во меѓувреме, по уништувањето на Земјата, Артур и Форд се качуваат на вогонскиот брод со кој управува капетанот Јелц при што Форд го запознава Артур со „Автостоперскиот водич“. Јелц ги открива, за казна им ја чита својата поезија, а потоа ги исфрла во вселената. Но, наеднаш се случува чудо и Артур и Форд се наоѓаат на бродот „Златно срце“ кој во меѓувреме го грабнале Библброкс и неговата девојка Трилијан. Притоа, Артур го препознава Библброкс од еден маскенбал на Земјата, а Трилијан е Триша Мекмилан, девојката која тогаш му ја презел Библброкс.Daglas Adams, Autostoperski vodič kroz galaksiju. Polaris, Beograd, 1996, стр. 23-59. 14-35 глава: Вселенскиот брод се спушта на митската планета Магратеа која ја бара Библброкс. Библброкс, Трилијан и Форд влегуваат во подземни простории каде се онесвестуваат поради дејството на некој гас. Артур, кој останува надвор на стража, го среќава старецот Слартибартфаст, кој го носи во внатрешноста на планетата чии жители се будат откако спиеле пет милиони години. Таму му го покажува местото каде во минатото тамошните жители произведувале планети. Притоа, тој му кажува дека дека Земјата ја создале жителите на Магратеа по нарачка на глувците. Имено, во минатото најмоќниот компјутер создал уште помоќен компјутер за да го постави вистинското прашање за смислата на животот, вселената и сè друго. Новиот компјутер ја проектирал Земјата која потоа ја направаиле Магратејците. Во меѓувреме, Форд, Библброкс и Тилијан се остестуваат, а двата бели глувци на Тилијан сакаат да му го земат мозокот на Артур за да го побараат одговорот на прашањето за смислата на животот. Тогаш, на планетата слегува вселенски брод со полицајците кои го бараат Библброкс и така четворицата успеваат да им избегаат на глувците, а потоа и на полицајците и ја напуштаат Магратеа.Daglas Adams, Autostoperski vodič kroz galaksiju. Polaris, Beograd, 1996, стр. 59-108.

Втора книга: „Ресторанот на крајот на Вселената“ Втората книга се состои од вовед и 34 глави. 1-12 глава: Земјата, која е уништена од Вогоните, всушност била само џиновски компјутер направен на планетата Магратеа наменет да даде одговор на прашањето за смислата на животот и вселената. Артур Дент и Триша Мекмилан (Трилијан) се единствените преживеани луѓе, кои заедно со Форд Префект и Запход Библброкс пловат низ вселената. Во пресрет им доаѓа вогонскиот вселенски брод со кој управува капетанот Јелц, кој работи по налог на психијатарот Гег Халфрунт. Вогоните го напаѓаат бродот „Златно срце“, а Библброкс го повикува на помош духот на прадедо му, а тој прави дупка во простор-времето и така се спасуваат од нападот на Вогоните, иако Гег мисли дека бродот е уништен. Во таа прилика, од бродот исчезнува Библброкс. Неговиот предок му помага за да ја оствари задачата — да го пронајде оној кој раководи со вселената. Всушност, психијатарот Гег им дал налог на Вогоните да ја уништат Земјата за да го спречи одговорот на поставеното прашање за смислата на животот и вселената. Библброкс и неговиот робот Марвин се појавуваат на Урса Минор Бета, каде се наоѓа седиштето на издавачката куќа на „Автостоперскиот водич“. Кога влегуваат во зградата на издавачката куќа, неа наеднаш ја бомбардира полицијата која е во потера по Библброкс. Полицијата го грабнува Библброкс заедно со целата зграда и го спушта на една планета на Жабјата ѕвезда која е најнепријатното место во галаксијата. Таму го спуштаат во Вителот на целосната перспектива, каде тој се соочува со бесконечноста на вселената, но и со сознанието дека е најважен во целата вселена. Библброкс наоѓа стар вселенски брод во кој се наоѓа Зарнивуп, директорот на „Автостоперскиот водич“ кој го намамил Библброкс да му го донесе „Златното срце“ чија малечка макета се наоѓа кај Библброкс без тој да биде свесен за тоа. Тогаш, макетата се претвора во бродот „Златно срце“, а Библброкс го удира Зарнивуп по главата.Daglas Adams, Autostoperski vodič kroz galaksiju. Polaris, Beograd, 1996, стр. 111-152. 13-22 глава: „Златно срце“ повторно проработува и во него Библброкс пак се среќава со своите сопатници — Артур, Форд и Тилијан. Тогаш, на бродот се случува голема експлозија и тие паѓаат во огромен понор, а потоа патуваат низ времето и се појавуваат во ресторанот „Миливајс“. Во ресторанот се прикажува претстава за крајот на вселената, а по нејзиното завршување, четворицата по грешка се качуваат на вселенскиот брод на рок-групата „Зона на Катастрофата“ кој треба да удри во сонцето на една планета, како дел од рок-концертот. Сепак, во последен миг, четворицата патници успеваат да се телепортираат, а во бродот го оставаат роботот Марвин.Daglas Adams, Autostoperski vodič kroz galaksiju. Polaris, Beograd, 1996, стр. 153-188. 23-34 глава: Артур и Форд се будат на непознат вселенски брод, но без Трилијан и Библброкс. На бродот се наоѓаат 15 милиони ковчези со замрзнати луѓе. Артур и Форд дознаваат дека се наоѓаат на вселенски брод кој е испратен на патување кон друга планета и навистина, набргу бродот паѓа на непозната планета. Трилијан и Библброкс, пак, се будат на „Златното срце“, а таму се наоѓа и Зарнивуп кој управува со сите настани со намера да го сретне оној кој управува со вселената. „Златно срце“ слетува во близината на трошна колиба во која живее старецот за кого Зарнивуп мисли дека е Господарот на вселената, но кога му поставува прашања за смислата на животот, тој добива само неодредени и бесмислени одговори. Тоа го искористуваат Библброкс и Трилијан кои го грабнуваат „Златно срце“ и бегаат. За тоа време, Артур и Форд ја истражуваат планетата на која се спуштаат, заедно со смрзнатите луѓе од вселенскиот брод. Подоцна, тие среќаваат и предисториски луѓе со кои не можат никако да се разберат. Истражувајќи ја планетата, Артур и Форд го наоѓаат потписот на Слартибартфаст, кој ја создал Норвешка, и така сфаќаат дека се наоѓаат на Земјата, но во далечното минато (пред два милиони години). Тие повторно се среќаваат со луѓето од вселенскиот брод, кои постојано одржуваат бескорисни состаноци, но не се способни да преземат ништо практично. Форд започнува кавга со нив и им кажува дека по два милиони години планетата ќе биде уништена, но тие не го слушаат. Тогаш, за да ја промени историјата, Артур се обидува да ги цивилизира примитивните луѓе, но без никаков успех.Daglas Adams, Autostoperski vodič kroz galaksiju. Polaris, Beograd, 1996, стр. 188-226.

Трета книга: „Животот, Вселената и сè останато“ Третата книга се состои од 33 глави и епилог. 1-11 глава: Пет години подоцна, Артур живее на Земјата, а веќе четири години е разделен од Форд. Тој живее осамен во една пештера, а едиствено пред две години накратко го посетил непознат вонземјанин со намера да го навреди. Меѓутоа, еден ден, неочекувано се појавува Форд, кој открил дека се отворила дупка во простор-времето. Двајцата во полето здогледуваат една софа, се качуваат на неа и веднаш се префрлаат во 1980-тите, на теренот во Лондон каде што е во тек важен натпревар во крикет, два дена пред уништувањето на Земјата. Тогаш, на теренот се појавуваат вселенски бродови од кои излегуваат робото кои ги убиваат гледачите. Сепак, Артур и Форд успеваат да се спасат така што друг вонземјанин (Слартибартфаст) ги зема на својот вселенски брод за да му помогнат да ја спречи пропаста на вселената. Во меѓувреме, роботот Марвин се наоѓа оштетен на пуста планета, каде разговара со еден душек. Библброкс, пак, шета низ галаксијата со „Златното срце“, осамен и потиштен откако претходно се задлабочил во својата душа. Наеднаш, на неговиот брод доѓаат роботите од древната планета Крикет, кои го застрелуваат. Артур, Форд и Слартибартфаст заминуваат на планетата Крикет.Daglas Adams, Autostoperski vodič kroz galaksiju. Polaris, Beograd, 1996, стр. 229-271. 12-24 глава: Артур, Форд и Слартибартфаст заминуваат на планетата Крикет чии жители своевремено направиле вселенски брод и така откриле дека постои вселената која решиле да ја уништат. По некое време, нивната огромна флота ја нападнала галаксијата, започнувајќи војна која траела две илјади години. Откако биле поразени, галактичкиот суд ја затворил планетата Крикет со непробоен слој и оттогаш тие се обидуваат да го пронајдат клучот за да ја отклучат својата планета. Слартибартфаст ги убедува Артур и Форд да му помогнат во борбата против роботите од Крикет по што тие се телепортираат и Артур доаѓа во пештера каде едно чудовиште се заканува да го убие зашто Артур неколкупати ги убил неговите претходни реинкарации. Сепак, наместо тоа, Артур случајно го убива чудовиштето, а по излегувањето од пештерата, наеднаш планината се урива, но тој успева да полета и така се спасува. На небото, Артур се судира со летечка зграда и така повторно се среќава со Форд и со Слартибартфаст. Во зградата се одржува забава на која присуствува и Трилијан во друштво на богот Тор. На забавата наеднаш упаѓа група роботи кои земаат еден дел од клучот за ослободување на планетата Крикет. Артур успева да го надитри Тор и да му ја земе Трилијан, а потоа сите бегаат со бродот на Слартибартфаст.Daglas Adams, Autostoperski vodič kroz galaksiju. Polaris, Beograd, 1996, стр. 271-310. 25-33 глава: Артур, Форд, Трилијан и Слартибартфаст пристигаат на планетата Крикет, но таму роботите веќе го ставаат клучот во бравата. Таму се појавува и Библброкс кого го заробиле роботите од Крикет, но за чудо не го убиле. Артур и останатите се опколени од жителите на Крикет и тогаш Библброкс ги остава и си заминува на својот брод, но воден од совеста пак се враќа во орбитата на Крикет при што го наоѓа роботот Марвин кого, исто така, го заробиле роботите така што сега работи за нив. Трилијан се обидува да ги убеди заповедниците на Крикет да не ја уништуваат вселената, а Библброкс тајно го слуша разговорот. Потоа, Трилијан разговара со Хактар, џиновски компјутер од далечното минато, кој ги наговорил жителите на Крикет да ја уништат вселената. Хактар умира, уверен дека конечно ќе се оствари неговиот план, а останатите со бродот „Златно срце“ се враќаат на Земјата. На игралиштето за крикет, Артур посакува да ја фрли топката која чека да ја удри еден робот од планетата Крикет. Тогаш, Артур сфаќа дека топката, всушност, е малата бомба, изум на Хактар, која треба да ја уништи вселената. Затоа, тој полетува, ја фрла топката во далечината и го убива роботот.Daglas Adams, Autostoperski vodič kroz galaksiju. Polaris, Beograd, 1996, стр. 311-332.