Божана Иваноска-Голубица ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Во целиот период на народно ослободителната војна, била една од најактивните повозрасни жени во градот. Својот дом го ставила на pacпoлaгaњe на партиската организација и во негo се одржувале состаноци на Месниот и Околискиот Комитет на КПМ во Гостивар. Исто така, во еден период, тука биле умножувани и радио-билтени и кратко време била сместена партиската техника. Поседувајќи особина на голем конспиратор во нејзиниот дом престојувале илегалци.
Во почетокот на 1943 година, според сеќавањето на Марија Матевска, на инсистирање на Кузман Јосифовски-Питу се формирале првите маалски одбори на АФЖ во Гостивар, именувани како групи на АФЖ. Првиот одбор на АФЖ во Гостивар, со кој раководела Магда Кипроска, бил формиран во Ново Маало, во состав: Анѓа и Љубица Иљоски, Ефка и Ѕвезда Деспотовски и Божана (Голубица) Ивановска. Наскоро одборот се проширила со Евка Богдановиќ, Нада Груевска и Икала Лепчевска.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ