Дапаглифлозин е лек кој се користи во терапијата на дијабетес мелитус тип 2. Исто така се користи во третманот на срева слабост и хронична бубражна болест. Врши реверзибилна инхибиција на натриум-глукоза котранспортерот 2 (SGLT-2) во реналните тубули, со што ја намалува реапсорпцијата на глукоза и ја зголемува нејзината екскреција.

Чести несакани ефекти се хипогликемија, уринарни инфекции, генитални инфекции и хиповолемија. Дијабетичната кетоацидоза е чест несакан ефект кај пациентите со дијабетес тип1.

Наводи

Категорија:Антидијабетични лекови Категорија:Лекови кои делуваат на кардиоваскуларниот систем