мини|Ридот што Клејтон го искачувал за да ги гледа коњите „Мајкл Клејтон“ (англиски: Michael Clayton) – филм на режисерот Тони Гилрој (Tony Gilroy) од 2007 година, снимен по неговото сценарио. Главните улоги ги играат: Џорџ Клуни (George Clooney), Тилда Свинтон (Tilda Swinton), Том Вилкинсон (Tom Wilkinson), Сидни Полак (Sydney Pollack) и Шон Кален (Sean Cullen). За својата улога, Свинтон била наградена со „Оскар“ и „БАФТА“. Филмот бил номиниран за „Оскар“ во шест категории, а за „Златен глобус“ во четири, бил во конкуренција за „Златен лав“ на Венецијанскиот филмски фестивал, а ја освоил наградата на Американскиот филмски институт за најдобар филм на годината.Michael Clayton, američki film (пристапено на 14.5.2025)
Синопсис Мајкл Клејтон (го игра Клуни) е адвокат во престижна адвокатска фирма од Њујорк, а специјалност му е средување на сложените проблеми со примена на неконвенционални методи. Неговиот колега, Артур Еденс (го игра Вилкинсон) претрпува нервен слом за време на клучното сведочење во случајот против главниот клиент на фирмата, Унајтед Норфилд, земјоделски концерн обвинет за производство на канцерогени хербициди. Адвокатката која ја застапува фирмата Јунајтед Норфилд, Карен Краудер (ја игра Свинтон), изнајмува двајца детективи да го следат и да го прислушкуваат Еденс. Еден ден, Еденс е пронајден мртов, а полицијата заклучува дека се работи за самоубиство, но Клејтон се сомнева во тоа и презема сопствена истрага...
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2007 година Категорија:Филмови за адвокати Категорија:Трилери Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Њујорк Категорија:Филмови на Тони Гилрој Категорија:Филмови со Тилда Свинтон Категорија:Филмови со Џорџ Клуни Категорија:Филмови со Том Вилкинсон Категорија:Филмови со Сидни Полак