Ризлинг () — бела сорта грозје кое потекнува од долината на реката Рајна во Германија. Исто така е познат како рајнски ризлинг. Ризлингот е ароматична сорта грозје која покажува цветни, речиси парфимирани ароми, како и висока киселост. Се користи за производство на суви, полуслатки, слатки и пенливи бели вина. Вината од сортата ризлинг обично се се произведува како младо вино и ретко се барикира. Од 2004, ризлингот се проценува дека е 20-та најодгледувана сорта грозје во светот на 48.700 хектари (со тренд на зголемување),J. Robinson (ed) The Oxford Companion to Wine Third Edition, Oxford University Press 2006, p. 746: "Vine varieties", . но во однос на битноста за квалитетните вина, се смета во „трите најдобри“ сорти бели вина заедно со шардонето и совињон блан. Ризлинг е сорта која е многу „тероар-изразлива“, што значи дека наравот на вината од сортата ризлинг е во голема мера под влијание на местото на потекло на виното.
Најмногу се одгледува во винарските региони на Германија и Франција (долината на Рајна), но се одгледува и во Унгарија, Луксембург, Австрија, Словачка, Хрватска, Италија, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Африка, САД, Канада, а е исто така популарен во Македонија, Србија, Романија и Молдавија. Ризлинг има долга историја, судејќи според документите од Германија неговото прво споменување датира од 15 век.
Во Македонија, виновата лоза од оваа сорта со Правилникот за реонизација на лозарските подрачјаПравилник за реонизација на лозарските подрачја е препорачана во Пчинско-осоговскиот и Пелагониско-полошкиот реон.
Галерија
Поврзано Шардоне Совињон блан Смедеревка
Наводи
Надворешни врски A history of German Riesling A Case Study of Chateau Ste. Michelle in Marketing Riesling (ppt download) The Riesling Report The Myth of Sweet Riesling
Категорија:Грозје Категорија:Вина Категорија:Германизми