Малтешкиот Бестијар: Илустриран водич за митската флора и фауна на Малтешките Острови е збирка на легендарни ѕверови од малтешкиот фолклор. Книгата била издадена о 2014 г. Во неа се прикажани „натприродни суштества, застрашувачки суштества, магични растенија, древни богови и мноштво други легендарни суштества“ сите од островите Малта и Гозо. Стефан Д. Мифсуд е и автор и илустратор на книгата.
Позадина Мифсуд е биолог со долгогодишен интерес за фантастични суштества. Во 2011 година, тој започнал да работи на Малтешкиот Бестијар бидејќи сметал дека на Малта ѝ недостасува концизна фолклорна енциклопедија. Тој одлучил да ја објави книгата на англиски наместо на малтешки за да допре до поширока публика, бидејќи сметал дека луѓето кои не зборуваат малтешки јазик сепак ќе имаат интерес за малтешкиот фолклор. Тој исто така се надевал дека ќе допре до поширока публика а со тоа ќе помогне малтешкиот фолклор да стане пошироко познат. Голем дел од неговото истражување го направил преку разговори со постари роднини и со читање на постари книги. Мифсуд го цитирал отец. Магри како главен извор за неговото истражување.
Награди Книгата ја освоила Националната награда за книга на Националниот совет за книга за најдобра книжевна продукција во 2015 година.
Наводи
Надворешни врски
Официјален Фејсбук Категорија:Митолошки книги Категорија:Малтешка митологија