Диклофенак е нестероиден антиинфламаторен лек (НСАИЛ) кој се користи во третманот на болка и инфламаторни болести, како што е гихт. Може да се зема перорално (преку уста), ректално во вид на супозиторија, интрамускулно, интравенски, аплициран топикално на кожата, или во вид на капки за очи. Намалувањето на болката може да трае до осум часа. Достапен е и во вид на фиксно-дозна комбинација диклофенак/мисопростол со цел заштита на желудникот; сепак, инхибиторите на протонската пумпа како што е омепразолот вообичаено се прва линија на лекови за гастропротекција бидејќи се ефикасни како и мисопростолот, но со подобра подносливост.

Чести несакани ефекти се абдоминална болка, гастроинтестинално крварење, наузеа, вртоглавице, главоболка, и оток. Сериозни несакани ефекти вклучуваат срцева болест, мозочен удар, бубрежни нарушувања, и чир на желудникот. Не се препорачува негова употреба во текот на третото тромесечје од бременоста. Веројатно е безбеден во текот на доењето. Се смета дека диклофенакот делува преку намалување на создавањето на простагландини, како и другите лекови во оваа класа.

Во 2022, е 51ви најмногу пропишуван лек во САД, со повеќе од 12 милиони рецепти. Во 2025, е единаесетти најчесто пропишуван лек во Македонија, со повеќе од 782.000 рецепти. Достапен е во вид на две соли, како диклофенак натриум или калиум.

Наводи

Категорија:Нестероидни антиинфламаторни лекови