Месен народен одбор Грчиште ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година.

Историја Месниот народен одбор Грчиште бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Валандовска Околија, првично во Штипскиот Округ, а истата 1945 година, околијата со општината биле преместени во Велешкиот Округ, и негово составно населено место било Грчиште. Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор останал територијално непроменет и бил префрлен во Гевгелиската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Грчиште бил укинат на сметка на соседниот и проширен Месен народен одбор Марвинци.

Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Грчиште имал 424 жители, односно вкупното население на Грчиште. Од таа бројка, сите биле Македонци.

Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948)

Наводи

Грчиште Грчиште Грчиште Категорија:Валандовска Околија Категорија:Гевгелиска Околија