Коста Георгиев Куќов (познат како Кукето, Кукото, Куко или Куку војвода) — македонски ајдутин и револуционер, војвода и учесник во Македонското востание.

Животопис мини|Акт на востаниците од Македонското востание, со кој се распределувале должностите на општата команда, востаниците и војводите, потпишан од вождъ Коста Георгiевъ Георгиев е роден во 1849 г. во селото Лакос, Серско, тогаш во Отоманското Царство. За време на Руско-турската војна (1877–1878), тој дејствувал со четата на Стојан Карастоилов во Кресненската Клисура, во Мелничко и Серско. Подоцна станал војвода на самостојна чета во родниот крај. Четник на Кукето бил идниот војвода Стојо Костов, а негови четници од Горно Броди биле Георги Зимбилев, Крсто Дабижуров, Димитар Радев, Атанас Павлов, Петко Смиленов, Петар Перухов и Ѓурата. Четата на Кукето учествувала во здружениот одред од 400 востаници кој под раководство на Стојан Карастоилов, на 5 октомври 1878 г. го напаѓа турскиот гарнизон, ги презема Кресненските анови и дава почеток на Македонското востание. На 8 октомври истата година, тој бил назначен за член на востаничкиот штаб како втор војвода. лево|мини|Димитар Зимбилев, Георги Зимбилев и Крсто Дабижуров. Георги и Крсто биле четници на Коста Кукето. По задушувањето на востанието, Коста Кукето продолжил да дејствува во Серско, Валовишко и Мелничко, непречено од властите.„Документи за българското Възраждане от архива на Стефан И. Веркович 1860-1893“. София, 1969, стр.588. На 12 февруари 1880 г. четата на Кукето влегла во градот Сер со цел да го заробат Димитриос Марулис, директор на грчкото училиште. Откако не успеале во својата намера, четниците почнале демонстративно да играат оро сред маалото Катаконози. Известен за овој настан, мутесарифот на санџакот собрал околу 2.000 лица и започнал со гонење на четата. Кукето зел десет заложници и без жртви успеал да ја изведе четата.„Документи за българското Възраждане от архива на Стефан И. Веркович 1860-1893“. София, 1969, стр.593-594. На 26 февруари 1880 година, заедно со други чети го нападнал гратчето Зелјахово, каде го разбил гарнизонот, ја запалил околиската управува и ги ослободил сите затвореници. При повлекувањето од градот, Коста Кукето бил ранет.Кънчов, Васил. Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско, в: Избрани произведения. Том I. Издателство „Наука и изкуство“, София 1970, стр. 90.

Ранетиот Коста се криел и лекувал во една пештера на планината Боздаг. Но, по предавството од грчките калуѓери на Серскиот манастир, тој бил фатен од отоманските власти. Турците го осудиле Кукето на смрт, но потоа пресудата ја замениле со вечен затвор во окови. Коста Георгиев ја издржувал затворската казна на островот Лезбос, каде починал во 1896 година.

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски ајдуци Категорија:Учесници во Македонското востание