Арекипа (шпански: Arequipa, кечуански и ајмарски: Ariqipa), локално познат и по прекарите „Бел град“ (Ciudad Blanca) и „Јужен лав“ (León del Sur) е град во Перу. Арекипа е административен центар на истоимената покраина и департман . Градот е седиште на Уставниот суд на Перу и често се нарекува „правен главен град на Перу“. Тој е втор најнаселен град во Перу, по главниот град Лима. Арекипа е познат по својата колонијална архитектура и градбите од вулкански камен. Градеот е голем културен и економски центар.

Арекипа е важен индустриски и трговски центар на Перу, и се смета за втор индустриски град во земјата. Градот одржува блиски трговски врски со Чиле, Боливија и Бразил.

Градот бил основан на 15 август 1540 година, под името „Прекрасна вила на Пресвета Богородица од Успението“ во името на маркизот Франциско Пизаро . На 22 септември 1541 година, монархот Карлос V наредил градот да се нарекува „Град Арекипа“. За време на вицекралскиот период, тој добил на важност поради својата извонредна економска улога, и се карактеризирал со фиделизам кон шпанската круна, што пак го именувал градот со титули како „многу благороден и многу лојален“. Во републиканската историја на Перу, градот бил центар на народни, граѓански и демократски бунтови. Исто така, градот е лулка на значајни интелектуални, политички и религиозни личности. Во републиканската ера, му била доделена титулата „Херојски град на слободните луѓе од Арекипа“.

Неговиот историски центар се протега на површина од 332 хектари и е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.

Географија

Опис Градот се наоѓа на просечна надморска височина од 2.328 метри надморска височина, каде најнискиот дел од градот е на 2.041 метар надморска височина во областа наречена Хуајко Учумајо, додека највисоката се наоѓа на 2.810 метри над нивото на морето.

Централниот дел на градот е поделен од реката Чили од север кон југ. Северно и источно од Арекипа се наоѓаат Андите, додека на југ и запад се Андите. Долината Арекипа стратешки ги поврзува крајбрежните и планинските региони на јужен Перу.

Низа вулкански конуси доминираат над градскиот хоризонт – Мисти и изгаснатите вулкански групи Пичу Пичу и Чачани . Западните падини на Андите се одликуваат со дебели, обемни слоеви на вулканска лава.

Клима Климата во градот е претежно сува во зимскиот, есенскиот и пролетниот период, поради ниската атмосферска влажност и нивото на врнежи што одговара на пустинска клима . Во просек, Арекипа има 300 сончеви денови годишно. Типично, температурите не надминуваат 25 степени и не паѓаат под 5 стеопени. Влажната сезона трае од декември до март и е обележана со присуство на облаци попладне и ниски врнежи од дожд. Во зима (јуни и јули), температурата паѓа на просек од 6 степени.

Просечната релативна влажност е 46%, со просечна максимална вредност од 70% во летната сезона и минимален просек од 27% во текот на есента, зимата и пролетта.

Административна поделба Метрополитенската област Арекипа се состои од 19 окрузи, со вкупна површина од 123,798 хектари од кои 4,104 се особено урбанизирани. Не. Округ Не. Округ 1 Центар 7 Паукарпата 2 Кајма 8 Јакобо Хантер 3 Серо Колорадо 9 Мирафлорес 4 Сачака 10 Тиабаја 5 Јанахуара 11 Џ.Л. Бустаманте и Риверо 6 Алто Селва Алегре 12 Маријано Мелгар 7 Сабандија 14 Сокабаја

Демографија Според пописот од 2007 година, 70% од вкупното население на департманот Арекипа и 90% од неговото урбано население живее во самиот град Арекипа. Градот е втор најнаселен во Перу, по главниот град на државата.

Наводи

Надворешни врски

Општина Арекипа Регион Арекипа Арекипа, Перу

Категорија:Населени места основани во 1540 година Категорија:Градови во Перу Категорија:Статии со извори на германски (de) Категорија:Статии со извори на француски (fr) Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Страници со повеќеделни слики во автоматски размер