Месен народен одбор Драгоманце ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година. Центар на општината било селото Драгоманце.

Историја Месниот народен одбор Драгоманце бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, а негови составни населени места биле Врачевце, Добрача, Драгоманце и Стрновац. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Драгоманце бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Пузајка со неговото село Пузајка. МНО Драгоманце тогаш припаѓал во Кумановската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Драгоманце не претрпел територијални промени. Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Драгоманце бил укинат на сметка на проширената Општина Жегљане која ги добила селата Врачевце, Драгоманце и Пузајка, проширената Општина Бајловце го добила селото Добрача и проширената Општина Старо Нагоричане го добила селото Стрновац.

Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Драгоманце имал 953 жители. Од таа бројка, 950 биле Македонци, додека 3 биле Срби. Година1948Населено местожителиВрачевце88Добрача230Драгоманце203Пузајка102Стрновац330Вкупно953

Поврзано

Список на општини во Македонија по население (1948)

Наводи

Драгоманце Драгоманце Драгоманце Категорија:Козјачка Околија Категорија:Кумановска Околија