Indiana Jones and the Great Circle (македонски: Индијана Џонс и големиот круг) — акционо-авантуристичка игра развиена од студиото MachineGames во соработка со Lucasfilm Games и издадена од Bethesda Softworks. Заснована е на познатата франшиза „Индијана Џонс“. Играта била објавена на 9 декември 2024 г. за Windows и Xbox Series X/S, додека верзијата за PlayStation 5 била објавена во април 2025 г. The Great Circle првенствено се игра од гледиште на прво лице, додека третото лице се користи за контекстуални елементи, како што е заемодејството со околината. Играчот го управува Индијана додека се движи низ мешавина од праволиниски области што ја следат приказната и пошироки предели за истражување. Борбата може непосредно да се води или целосно да се избегне со користење на механики за прикривање. Карактеристичниот камшик на ликот може да се користи и како оружје и како средство за поминување преку препреки и решавање на разни загатки, со цел да се откријат алтернативни патеки и скриени колекционерски предмети.

Играчки процес Indiana Jones and the Great Circle е акционо-авантуристичка игра, но исто така содржи елементи од други стилови на игри. Играта може да се помине во потаен стил или да се влезе во отворени борби со противниците. Исто така, во играта има многу загатки, кои во најголем дел се незадолжителни. Камшикот на Индијана Џонс може да се користи во борба, како и за поминување на одредени препреки. Играчкиот процес е од гледиште на прво лице, но се префрла на гледиште на трето лице во одредени играчки сцени.

Приказна Играта има оригинален заплет. Дејството се одвива во 1937 г., меѓу настаните од првиот филм „Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег“ и настаните од третиот филм, „Индијана Џонс: Последната крстоносна војна“. Како и во филмовите, настаните се случуваат пред почетокот на Втората светска војна. Во играта, антагонисти се трите земји на Оската: Нацистичка Германија, Фашистичка Италија и Јапонската Империја.

Откако артефакт е украден од факултетот „Маршал“, археологот Индијана Џонс се упатува кон Ватикан за да истражи. Тој открива дека различни свети места низ светот се распоредени во облик на круг. Покрај Рим, овие места вклучуваат и храмови во Сукотаи во Тајланд, египетските пирамиди на платото Гиза и снежните Хималаи. За време на неговите патешествија, Џонс е придружуван од репортерката Џина Ломбарди. Заедно, тие се соочуваат со Емерих Вос, кој користи психолошки манипулации против своите непријатели.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Игри за Windows Категорија:Игри за PlayStation 5 Категорија:Игри за Mac OS X __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__