„Потпис: Трепетлика“ — стихозбирка од македонската писателка и поетеса Ана Стојаноска. Издадена е во 2020 година во Скопје, од издавачкиот центар „Три“. Книгата е наградена со наградата „Антево перо“.

Содржина Поетската збирка „Потпис: Трепетлика“ ги содржи следниве циклуси: Млада месечина Белешка пред спиење Полноќна Ноќе Карантин, ден којзнае кој Приказнувам Месечина во најава Од неколку имиња со кои те нареков Некогаш боли повеќе (По повод Светскиот ден на поезијата) Асана Сѐ е тоа само Само приказна Полна месечина Реви Литанија Прашања Вештица Време – невреме Сам(о)-ти(и)-ја Виј Ветување Тричетвртна месечина Утринска Набабрени сетила растреперени зрачат светлина Го сонував светот во мало клопче волница во боја Само со нежен потег на четката Постои смисла во која сите хемиски формули имаат звук на осамените ноти собрани во доцна есен Наместо фотографија Запомни ме Потпис: Трепетлика Писмо

Авторката Стојаноска, за книгата ќе рече: „Потпис: Трепетлика“ е создавана од песни пишувани во различни периоди, меѓутоа, театрологот во мене (со познавање на добрата драматургија) и писателката во мене (со познавање на приказните) помогнаа збирката да ја составам како една целина во четири циклуси: „Млада месечина“, „Месечина во најава“, „Тричетвртинска месечина“ и „Полна месечина“ и да ја затворам со последниот дел „Потпис: Трепетлика“ со само една песна – „Писмо“. Во една од песните во збирката се следните стихови „сите тие во мене/ се собрале и пеат“, така можеби метафорично може да се опишам – сите тие во мене, писателка, професорка, театролог… пишуваат.

Технички одлики Книгата „Потпис: Трепетлика“, со обем од 68 страници и со димензии од 21 сантиметар, каталогизирана е во библиографско-каталошката база на податоци COBIB.MK и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-230-722-0. Издадена е во 2020 година во Скопје, од издавачкиот центар „Три“. Издавањето на книгата е финансиски помогнато од Министерството за култура.

Наводи

Поврзано Ана Стојаноска Награда „Антево перо“ Македонска книжевност

Надворешни врски Видеопрезентација на песната “Запомни ме” од збирката “Потпис: Трепетлика” Видеопрезентација на песната „Реви“ од збирката „Потпис: Трепетлика“ Видеопрезентација на песната „Го сонував светот во мало клопче волница во боја“ од „Потпис:Трепетлика“ Видеопрезентација на песната “Белешка пред спиење” од збирката “Потпис:Трепетлика”

Категорија:Македонска поезија Категорија:Дела на Ана Стојаноска Категорија:Македонска книжевност Категорија:Книги од 2020 година Категорија:Македонски дела од 2020 година Категорија:Појавено во 2020 година во Македонија