мини|379x379пкс|Леблебиџиски занает, Стара скопска чаршија Леблебиџиски занает — занает за производство на леблебија, која е мезе од печен слануток. Овој занает постоел во Македонија, Иран, Палестина, Јордан, Сирија, Либан, Ирак, Грција, Турција и Бугарија.
Историја на занаетот во Македонија Овој занает бидејќи бил во врска со исхраната на населението, бил доста застапен. Во Скопје постоела и улица наречена „Леблебиџиска“,Улици во Скопје со имиња на стари, ретки и изумрени занаети, 1922, Здружение на етнолозите во Република Македонијиа, Скопје стр. 133 како и во Струмица. Овој занает немал своја еснафска организација, исто така дуќаните за леблебија не биле групирани.
Според еден преглед на занаетчии во Скопје во 1925 година се сметало дека имало 66 леблебиџиски и бозаџиски дуќани заедно.
Наводи
Поврзано Леблебија
Категорија:Занаети