мини|Ќурк, XX век - Музеј на Старата скопска чаршија Кожуварско-ќурчиски занает — традиционален занает што се занимава со изработка на кожуви и ќуркови – горни облеки од кожа и крзно.Улици во Скопје со имиња на стари, ретки и изумрени занаети, 1922, Здружение на етнолозите во Република Македонијиа, Скопје стр. 138 Ќурчиите применувале посебни техники на штавење, кроење и шиење, прилагодени на зачувување на влакната и топлинските својства на материјалот, а занаетот имал значајна улога во народната облека и традиционалното стопанство.
Историја во Македонија Овој занает го добил името по турскиот збор ќурк. Ќурчиите сами ја штавеле кожата, односно ја приготвувале суровината, а крзнарите користеле готова суровина, т.е. кожа од дивеч, јагне, овца и други животни.Вера Кличкова, Ќурчиско-кожуварски занает и еснаф во Скопје, Етнолошки музеј во Скопје, 1959, стр. 8-9
Според документ од 1885 година во Старата скопска чаршија ќурчиите штавеле кожи повеќе од 400 години. Сепак, кон крајот на XIX век во Скопје имало 30 ќурчиски дуќани, а по Балканските војни бројот се намалил на осум.
Ќурчиите биле сместени околу Ќурчи-ан во чаршијата, која се нарекувала „Ќурчиска чаршија“, а постоела и улица во Скопје наречена „Ќурчиска“.
Ќурчиски занает во Скопје Овој занает во Скопје бил еден од најпознатите занаети. Со растежот на потребите за производите од овој занает, тој постепено се усовршувал и напредувал. Кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век кожуварско-ќурчискиот занает постигнал голем развој. Елементи за вакво тврдење се наоѓале во ќурчискиот тефтер во Скопје, во кој биле запишани подемите и падовите на занаетот во период од 200 години. Во него биле запишани податоци и за продаважба на ќурчиските производи надвор од земјата, на Балканот и Средна Европа. мини|321x321пкс|Ќурчиски дефтер 18-20 век - Музеј на Старата скопска чаршија За опаѓање на овој занает се сметале повеќе причини, како што биле: отворањето на новата железница Битола - Солун во 1894 година и навлегување на трговски капитал, Првата светска војна и преголемото иселување на Турците по Балканските војни, како и промените на начинот на живеење и облекување.
Во 1912 година била изградена првата заедничка работилница за штавење кожа, која се наоѓала на левата страна на Вардар. До неа се наоѓал и простор за сушење на штавените кожи. Мајсторите поседувале дуќани кои истовремено биле и работилници. Имало околу 50, и се наоѓале на Шарпланинска улица, создавајќи ја ќурчиската чаршија. Пред 1908 година многу од овие дуќани биле сместени во Куршумли-ан.Д-р Киро Дојчиноски, Занаетите и еснафите во Скопје, ММ Скпје, 1996, стр. 57-58
Основната суровина на ќурчиите и кожуварите била кожата, и тоа пред сè јагнешка, па овча, па козја и од дивеч. Сите нив ги набавувале од околината на Скопје. Од нив се изработувале ќуркови и кожуви и друга облека за македонската народна носија. Со кожа скопските ќурчии се снабдувале од Куманово, Кичево, Охрид и Дебар. Од 1918 година набавувале кожи од Австрија, Германија и Романија. Кожи од лисици набавувале од Санџак. Кожи од дивеч набавувале преку Солун од Америка, а се тргувало и со Русија.Д-р Киро Дојчиноски, Занаетите и еснафите во Скопје, ММ Скпје, 1996, стр. 59 лево|мини|Ќурче детско, XX век - Музеј на Старата скопска чаршија Ќурчискиот занает бил еден од најстарите во Скопје, а за тоа говорел и и самиот Ќурчин-ан, монументален споменик од крајот на XVI век. Овој занает и еснафот достигнале најголем развој околу средината на XIX век, кога во 1847 година имал 145 мајстори.Д-р Киро Дојчиноски, Занаетите и еснафите во Скопје, ММ Скпје, 1996, стр. 64
Ќурчиски занает во Охрид Ќурчиството кај охриѓани се сметало за „гордиот занает“ во почетокот на XX век. Тоа бил најскапиот и најрентабилен занает во Охрид до крајот на XIX век. Во 1900 година со ќурчиство се занимавало само семејството Поп Симови. Во XX век за потребите на градското население со овој занает се занимавале тројца мајстори, а по Првата светска војна, повремено се занимавале двајца мајстори – Јован Кумески и Панде Терзијаноски.
Ќурчиите во Охрид главно изработувале машки капи, женски крзна, крагни и други ситни кожни предмети. Некои ќурчии во новите услови и поново време се прилагодувале менувајќи ја својата професија. Се занимавале со сушење и продажба на кожи.Д-р Павле Митрески, Занаетчиството во Охридско-струшкиот регион, 1918-1970, НИО Студентски збор, Скопје, 1983 год., стр. 84-86 Средства за работа Средствата за работа на ќурчиите-кожувари биле доста примитивни. Процесот на работа се извршувал рачно, почнувајќи од потопување на кожата до изработка на готови производи, односно со штавење, сушење, кроење, шиење. Штавењето на кожата започнувало од Велигден и траело до Митровден.Д-р Киро Дојчиноски, Занаетите и еснафите во Скопје, ММ Скпје, 1996, стр. 59
Ќурчиски и кожарски изработки Основната работа на ќурчиите била да изготвуваат разни горни облеки што се носеле од населението од градот и селата. Сите тие изработки се правеле рачно. Ќурчиите најмногу правеле ќуркови, но исто така изработувале разни џубиња, елечиња, кусариња, селски кожуви, горни капути и др. Покрај тоа се изработувале разни капи и ракавици.
Кожуварите изработувале облека исклучиво од кожа, без да користат кожи од дивеч. Во текот на XVIII и XIX век кожуварите изработувале машки кожуви, ќурдии, црногорски ќурдии, ќурдии загарлии, ќурдии од пет кожи, кубурлии од четири кожи. Од ќурчискиот тефтер се дознава дека вакви производи се произведувале уште од 1745 година сè до 1845 година.Д-р Киро Дојчиноски, Занаетите и еснафите во Скопје, ММ Скпје, 1996, стр. 59-60 Наводи
Категорија:Занаети